Авицена Лабораторија со донација на „Првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца со помалку можности” – „Гитари Дирки и Свирки

Авицена Лабораторија со донација на „Првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца со помалку можности” – „Гитари Дирки и Свирки”, проект кој започнува на 01.11.2019 година во Скопје.

Проектот им овозможува на децата со помалку можности, да користaт бесплатни часови за уметност, фотографија, свирење и други вештини. Како дел од активностите за помош во заедницата и поддршка на категории на граѓани на кои им е потребна помош, Авицена Лабораторија има потпишано Меморандум за соработка со Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“.

Со соработката помеѓу Авицена Лабораторија и „Проект Среќа“ се овозможува достапност на неопходните лабораториски услуги, потребни за одржување на добра здравствена состојба и интервенција во вонредни здравствени случаи, за децата со статус социјален ризик.