ПЗУ Авицена Лабораторија успешно го помина редовниот годишен стручен надзор за одржување акредитација, согласно MKC EN ISO 15189:2013 стандардот

Како и секоја година, во рамките на редовната проверка на контролата на квалитет, на ден 14.11.2017 ПЗУ Авицена Лабораторија успешно го помина редовниот годишен стручен надзор на тековната акредитација, согласно MKC EN ISO 15189:2013 стандардот за квалитет и компетентност на медицински лаборатории.

Стручниот надзор беше спроведен од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија, кој е членка на Меѓународна организација за акредитација на лаборатории - ILAC (International Laboratory Accreditation Cooperation) и Меѓународен форум за акредитација - IAF (Internationa Accreditation Forum), заедно со г-н Peter Roos член на тимот Peer Evaluation на ИАРМ. Со ова се задоволени сите меѓународно признати критериуми за извршување на акредитациони активности, т.е. потврда дека ИАРМ работи согласно меѓународните стандарди.

ПЗУ Авицена Лабораторија е меѓу првите специјалистичко дијагностички лаборатории која се здоби со Сертификат за акредитација согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013, a овој процес на продолжување акредитација претставува само уште една алатка за објективна проценка и дополнителна контрола и сигурност во точноста на секоја изработена анализа поединечно и издадените резултати за истите, притоа опфаќајќи ги комплетно сите анализи што се изработуваат во лабораторијата, со најголем опсег на акредитирани методи (над 300).

Стандардот MKC EN ISO 15189:2013 гарантира континуирана контрола на квалитет во сите фази на лабораториското работење и ја нагласува досегашната препознатливост, посветеност и признание за квалитетот на лабораториските услуги.

Со ова Авицена Лабораторија уште еднаш потврди дека ги задоволува сите барања предвидени со националните, европските и меѓународните стандарди, и сите дополнителни барања, потребни за вршење на професионална специфична лабораториска дејност.