VI-ти Конгрес на Сојуз на Здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија

Почитувани, задоволство ни е да Ве информираме дека Авицена Лабораторија учествуваше на 6-тиот Конгрес на Сојуз на Здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари на Република Македонија, а воедно и на 44-тите Октомвриски средби, стручен собир на медицинските лаборанти, кои се одржаа во Хотел Инекс Дрим, Струга во периодот 06-09 октомври.

Конгресот понуди богата и разновидна програма, поделена помеѓу поканети предавања и паралелни усни и постер сесии, како и технички демонстрации и презентации на најновите вести и новини од лабораториската медицина.

Во оваа прилика, Авицена зема активно учество со две постер презентации на тема „Инциденца на детекција на HCV антитела кај популација под 55 години“ и „Детекција на генитална Chlamydia trachomatis во период од две години во регионот на Скопје“ кои на наше огромно задоволство беа прогласени за најдобри на овогодинешниот Конгрес.

Како и секогаш, дружењето и забавата беа неизоставен дел и од овој настан.