Покана за акредитиран стручен состанок

Почитувани, ни претставува задоволство да Ве информираме дека на ден 15.05.2019 год , ПЗУ Авицена Лабораторија организира Стручен состанок.

 

Дата на одржување: 15 Мај 2019 год.

Место: х. Александар Палас, Скопје

Почеток: 13.00 часот

 

ДНЕВЕН РЕД

 

13.00 - 13.30

 

Регистрација на учесниците

 

13.30 - 13.50

 

 

Д-р Иванка Хаџи-Петрушева Мелоска, спец. микробиолог

„Предности на синдромско тестирање во дијагноза на инфективни заболувања”

 

13.50 - 14.10

 

Д-р Бранко Јагликовски, спец.по мед.биохемија

„Метаболизам на Витамин Д – општ осврт и негово следење во денешни лабораториски услови

 

14.10 - 14.30

 

Д-р Антоније Хаџи Антоновски, спец. по ортопедија

„Корекција на дефицит на Витамин Д кај здрави лица

 

14.30

 

Коктел

 

 

Состанокот е акредитиран и категоризиран според правилникот на Лекарска Комора на РМ и

МЛД како стручен состанок и ќе носи соодветен број на поени.

 

По завршување на работниот дел, дружењето ќе продолжи со коктел.

 

Во име на тимот Авицена Лабораторија, би сакале да ја изразиме нашата благодарност за 

покажаниот интерес и досегашната успешна заедничка соработка.