Авицена Лабораторија - Стручен состанок (15.05.2019 година)

Ни претставува задоволство да Ве информираме дека на ден 15.05.2019 година, во хотел Александар Палас, Авицена Лабораторија одржа стручен состанок на кој присуствуваа над 200 лекари од примарната здравствена заштита и лекари специјалисти.

Покрај новите и специфични анализи кои тековно се работат во Авицена Лабораторија, сите присутни имаа можност да се запознаат и со предностите на синдромското тестирање како моќна алатка во дијагноза на инфективните заболувања и значењето и улогата на Витаминот Д и корекцијата на дефицитот кај здрави лица.


Предавањата се одржаа по следниот редослед:

- Д-р Иванка Хаџи-Петрушева Мелоска, спец. микробиолог

„Предности на синдромско тестирање во дијагноза на инфективни заболувања”


 

- Д-р Бранко Јагликовски, спец.по мед.биохемија

„Метаболизам на Витамин Д – општ осврт и негово следење во денешни лабораториски услови



- Д-р Антоније Хаџи Антоновски, спец. по ортопедија

„Корекција на дефицит на Витамин Д кај здрави лица

 
Посебен акцент беше ставен и на важноста на континуираната контрола на квалитет која ја спроведува Авицена Лабораторија во сите фази на лабораториско работење, како одговор на сите национални, европски и меѓународни стандарди за вршење специфична лабораториска дејност, како дополнителна гаранција за точен и прецизен резултат.
 
По завршување на работниот дел, дружењето продолжи со пригоден коктел.

Тимот на Авицена Лабораторија ја изразува својата благодарност до сите присутни за покажаниот интерес и досегашната успешна соработка.