Стручен состанок на Здружението на лекари по општа медицина-семејна медицина на Р.Македонија во “Дом на култура” – Битола

На ден 28.02.2014 год. (петок) се одржа Стручен состанок на Здружението на лекари по општа медицина-семејна медицина на Р.Македонија во “Дом на култура” – Битола. Билјана Димитриевска говореше за “Биохемиски и микробиолошки анализи во Авицена Лабораторија во соработка со битолските лаборатории” и “ Интолеранција на храна-препознавање и дијагностика” додека Д-р Иванка Хаџи-Петрушева Мелоска говореше за „Значењето на Пнеумослајд тестот во дијагнозата на респираторните инфекции”.