Стручен состанок - соработка помеѓу ПЗУ Авицена Лабораторија и ПЗУ МАКСИМ С

Почитувани,

 

Ве информираме дека на ден 04.05.2017 година, ПЗУ Авицена Лабораторија во соработка со ПЗУ МАКСИМ С од Прилеп одржаа стручен состанок во хотел „Салида“ - Прилеп.

 

Главен акцент на состанокот беше даден на новите и специфични анализи кои тековно се работат во Авицена Лабораторија и достапноста на истите за докторите и пациентите од градот Прилеп и околината, преку соработката со ПЗУ МАКСИМ .

 

Овој настан на кој присуствуваа околу 100 лекари, беше одлична можност за меѓусебно запознавање и размена на заеднички искуства.