Покана за стручен состанок во Тетово (18.06.2018 г.)

Почитувани,

ни претставува задоволство да Ве информираме дека на ден 18.06.2018 год.(понеделник) ПЗУ Авицена Лабораторија организира стручен состанок, кој ќе се одржи во хотел Меркур,Тетово, со почеток во 14.00 часот.

На состанокот ќе бидат преставени новите трендови во лабораториската медицина, од областа на генетските тестрања и персонализираната медицина.

Состанокот е акредитиран и категоризиран според правилникот на Лекарска Комора на РМ и МЛД како стручен состанок и ќе носи соодветен број на поени.

По завршување на работниот дел, дружењето ќе продолжи со коктел.

Ве очекуваме!

 

Со почит,

Авицена Лабораторија