Тестови за патување

РЕЗУЛТАТИТЕ ИЗДАДЕНИ ОД АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА СЕ ВАЛИДНИ И ПРИЗНАЕНИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО.

Авицена Лабораторија е меѓу првите лаборатории во државата која поседува меѓународен Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории, согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2013.

Овој сертификат одговара на интернационалните барања и протоколи за патување во различни земји, со што резултатите за COVID-19 издадени од Авицена Лабораторија се валидни и ги исполнуваат условите за патување во странство. Резултатите од COVID-19 бесплатно се издаваат и на англиски јазик.

Во секој случај, информирајте се од надлежните институции во земјата во која треба да патувате, за евентуални промени во условите за премин на граница.