Ново! Тест за HELICOBACTER PYLORI IgA

Со задоволство Ве информираме дека во Авицена Лабораторија од 11.02.2019 почна да се работи и тест за детекција на IgA антитела кон Helicobacter pylori.

Значење на тестот. Инфекциите со Helicobacter pylori се главен предизвикувач на гастрични и дуоденални улкуси. Перзистентната инфекција со Helicobacter pylori е ризичен фактор за развој на гастричен карцином и лимфом, бидејќи бактериите H pylori го населуваат мукозниот слој на гастричниот епител и стимулираат локален и системски имун одговор. Инфекцијата се манифестира со покачени нивоа на специфичните IgA и IgG антитела во серум. Кај голем процент од пациентите секреторните IgA антитела се појавуваат први и пред појавата на IgG антителата.

Комплетната дијагноза на инфекција со Helicobacter pylori, кај пациенти кои имаат симптоми, подразбира детекција на Helicobacter pylori IgG и Helicobacter pylori IgA антитела и детекција на Helicobacter pylori антиген во фецес.

Метод. Тестот Helicobacter pylori IgA се работи со хемилуминисцентен метод кој има висока сензитивност и специфичност.

Забелешка.Тестовите се работат од серум или плазма кои по земањето треба да се чуваат на температура 2-8 0С до 7 дена. Хиперлипемични, хемолизирани или контаминирани примероци не се тестираат.

 

Цена:

Helicobacter pylori IgA 750,00 денaри