Учениците од American School Macedonia во посета на ПЗУ Авицена Лабораторија

Како дел од програмата за едукација на децата, на ден 03.02.2014 ПЗУ Авицена Лабораторија бешепосетена од второодделенците од основното училиште American School Macedonia.

Оваа активност е направена во насока да се запознаат најмладите членови на училиштето со работата на една лабораторија, при што основна цел е да се воспостави доверба во персоналот уште од најрана возраст, како и да се добие слика за можна идна професија. Од страна на вработените на ПЗУ Авицена Лабораторија на децата им беа презентирани работните простории, опремата и основните лабораториски активности, а на крај, неизбежен дел беше и посетата на Детското Катче, опремено со разни содржини наменети на децата.