Авицена Лабораторија ја поддржа хуманата идеја Down4U за отворање на ресторанот Umbrella

ПЗУ Авицена Лабораторија ја препозна и поддржа хуманата идеја Down4U за отворање на ресторанот Umbrella, во кој се вработуваат лица со попреченост.

Со оваа акција, а и во иднина, Авицена Лабораторија ќе продолжи да помага на ранливите категории на граѓани, на кои им е потребна секојдневна помош.