Втор Македонски Kонгрес за медицина на трудот со меѓународно учество

Задоволство ни е да Ве информираме дека Авицена Лабораторија учествуваше на Вториот Македонски Kонгрес за медицина на трудот со меѓународно учество кој што кој што, во организација на Македонското здружение за медицина на трудот и Институтот за медицина на трудот на Р. Македонија, се одржа во периодот 12-14 Октомври 2016 година во Скопје во хотелот Holiday Inn.

Мото на Конгресот беше “Работиме заедно за здравјето на работниците”. Актуелните новини и предизвици од медицината на трудот на Конгресот беа презентирани преку пленарни предавања, усмени презентации, тркалезни маси, форуми, работилници и постер презентации со учество на еминентни стручњаци од овој домен од земјава и од странство.

Авицена Лабораторија зема учество на овој настан со свој изложбен штанд на кој беа промовирани најновите дијагностички тестови и методи насочени за превенција, унапредување на здравјето и навремено дијагностицирање на различни заболувања.