ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАЦИЕНТИ

ПЗУ Авицена Лабораторија, согласно член 9 од Закон за заштита на лични податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2005, 64/2018), има право и обврска да го евидентира матичниот број на граѓанинот, со цел вршење на дејност од областа на здравствената заштита.

Личните податоци во ПЗУ Авицена Лабораторија се обработуваат исклучиво во согласност со моментално важечките законски и подзаконски прописи од областа на заштитата на личните податоци, како и законската и подзаконската регулатива од областа на здравствената заштита и уредување на работата на здравствените установи, притоа обезбедувајќи максимална тајност и заштита на податоците.

Во таа насока, во нашата лабораторија се применуваат соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап. Дополнително, сите вработени кои имаат контакт со личните податоци на пациентите, се соодветно овластени и обучени за ракување и обработка на истите.

ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА, ЗАРАДИ ПОТРЕБИТЕ НА ПРЕЦИЗНА И ТОЧНА ЕВИДЕНЦИЈА НА МЕДИЦИНСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ДА СЕ ПРИЛОЖИ И ЕМБГ (ЕДИНСТВЕН МАТИЧЕН БРОЈ НА ГРАЃАНИНОТ) ЗА СЕКОЈ ПАЦИЕНТ / КЛИЕНТ КОЈ ГИ КОРИСТИ УСЛУГИТЕ НА ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА.

ЕВИДЕНЦИЈА САМО СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И ДАТУМ НА РАЃАЊЕ НЕ Е СООДВЕТНА И ДОВОЛНА, НЕ САМО ЗАРАДИ МОЖНОСТА ОД ПОСТОЕЊЕ ЛИЦА СО ИСТИ ПОДАТОЦИ ОД ОВОЈ ТИП, ТУКУ И ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА (неовластено и незаконско подигнување и манипулација со туѓи резултати, увид во туѓа здравствена документација) НА ДОКУМЕНТИ (резултати од лабораториски анализи), КОИ ИМААТ ЧУВСТВИТЕЛНА СОДРЖИНА И ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ.

За подигнување на оригинален резултат од страна на трето лице, потребно е потпишано овластување-формулар кој е достапен на приемните пултови и се пополнува пред земањето материјал за анализа од лицето за кои се наменети анализите. Во истиот тој формулар-овластување ќе бидат наведени третите лица кои ќе можат да ги подигнат резултатите.

При подигнување на резултатот, третото лице задолжително да приложи документ за идентификација (лична карта или пасош), кој ќе потврди дека истото е овластено лице за земање на оригинален резултат.

Сите горенаведени мерки се наменети исклучиво за заштита на податоците за пациентите и спречување можна злоупотреба и истите се неопходни за стручно и професионално работење на нашата здравствена установа.

Ви благодариме за разбирањето!

Со почит,

Авицена Лабораторија