Земање материјал за анализа

Примероци се земаат во текот на целото работно време. По совет од Вашиот лекар или консултација со Авицена Лабораторија, за одредени анализи потребно е да се дојде наутро, пред земање на првиот оброк. Постои можност за земање материјал во Вашиот дом, ординација или болница. 

Повеќе возила на ПЗУ Авицена Лабораторија се секојдневно на територијата на градот Скопје и неговата околина, и вршат земање на материјал од ординации и болници и транспорт на истиот до лабораторијaта.

За подетални информации Ве молиме контактирајте не на телефон.

По потреба, лабораторијата обезбедува неопходен лабораториски потрошен материјал (стерилни садови за микробиолошки анализи, брисеви со соодветни медиуми за транспорт на примерокот и сл.)

ПЗУ Авицена Лабораторија има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ, за изработка на лабораториски анализи од лабораториски упат- образец ЛУ-1, издаден од избран лекар од примарната здравствена заштита. Пациентот го остварува правото да ги изработи овие анализи на товар на фондот, исклучиво со валиден упат од матичен лекар.

Само лабораторијата на локација бул. 8 Септември бр.2 (Комплекс Македонија, зад Веро 2 Тафталиџе) има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ.