Авицена Лабораторија спонзор на хуманитарниот настан „Чоколадна аукција - Чоколаден спектар“

Задоволство ни е да Ве информираме дека Авицена Лабораторија беше спонзор на овогодинешната аукција на чоколадо насловена како „Чоколаден спектар“ која се одржа на 12 декември во хотел Парк & Спа, ресторан Four.

Сите присутни имаа можност да уживаат во вечер на која се славea вкусовите и убавината на живеење, а при тоа можеа да ја искажат и својата хуманост наддавајќи се за слатките, магични експонати кои беа понудени на аукцијата.

Сите собрани средства од овој хуманитарен настан ќе бидат донирани за стартување на првиот во регионот Центар за аутизам во склоп на Фондацијата СТЕМ Академија. Овој центар ќе биде единствен од таков вид во Македонија и во поширокиот регион со специјална стандардизирана програма за аутизам на Lego Education.