fbpx

Осипни трески и болести кои се превенираат со вакцини

Авицена Лабораторија располага со комплетно мени на тестови за детекција на најчестите причинители на осипни трески и болести кои се превенираат со вакцини. Сите анализи се работат со хемилуминисцентен метод (CLIA) кој има висока сензитивност и специфичност и гарантира точни и прецизни резултати.

Малите сипаници или морбили се инфективна вирусна болест која најчесто се јавува кај деца, со симптоми кои се јавуваат 10-12 дена по контакт со заболено лице и траат 7-10 дена.

Првите знаци и симптоми се зголемена телесна температура од 38 до 40 °C, кашлица, главоболка, малаксаност, вознемиреност и жед, по што следи катарален стадиум со зголемена носна секреција, солзење и црвени очи. Првиот осип се јавува во пределот на главата, а потоа се шири по целото тело. Компликациите се јавуваат во 30% од случаите и тоа во вид на бронхит, пневмонија, постинфективен енцефалит и субакутен склерозирачки паненцефалит.

Највисок титар на IgG антитела има 2 недели по појавата на исипот или 4 недели по вакцинацијата. Тие се намалуваат во текот на следните 6 месеци, а потоа титарот останува стабилен.

Титарот на IgM антителата е највисок 2 дена пред и неколку дена по појавата на исипот, брзо се намалува во период од 30-60 дена. Примерок за тестирање на IgM антитела треба да се земе во првите 3 недели.

Кај субакутниот склерозирачки паненцефалит IgM антителата не се детектираат, а во ликворот титарот на IgG е повисок отколку во серум.

Со овие лабораториски тестови, може да се докаже заболувањето во акутна фаза, односно да се провери дали организмот има доволно заштитни антитела по прележана инфекција или примена вакцина, како насока за тоа дали е потребна вакцинација.

Резултатите од овие лабораториски анализи се издаваат истиот ден.

Достапни анализи во Авицена Лабораторија:

Morbilli Virus

›          Morbilli Virus IgM                     

›          Morbilli Virus IgG                      

›          Morbilli Virus IgM+IgG           

Види цена на следниот линк.

Rubella

›          Rubella IgM                                

›          Rubella IgG                                 

›          Rubella IgM+IgG                      

Види цена на следниот линк.

 Parotitis

›          Parotitis IgM                              

›          Parotitis IgG                               

›          Parotitis IgM+IgG                    

Види цена на следниот линк.

Varicella Zoster Virus

›          Varicella Zoster Virus IgG         

›          Varicella Zoster Virus IgM       

Види цена на следниот линк.

Parvovirus

›          Parvovirus IgM                        

Види цена на следниот линк.

За какви било дополнителни информации или прашања, слободно контактирајте нѐ на нашите телефони 02/3179-001, 02/2477-345 и 044/355-550