fbpx

Rodinia – Панели за неплодност кај мажи и жени

Авицена Лабораторија го зголемува своето портфолио и започнува со изработка на генетски тестови за неплодност кај мажи и жени.

Новото портфолио генетски тестови, кои ќе им помогнат на пациентите да добијат најдобра можна дијагностичка услуга, за која не е потребно да ги посетуваат лабораториите во странство, туку отсега тестовите од светски размери кои се применуваат во најсовремените медицински центри во светот, се достапни и во нашата држава.

“Rodinia” – Генетски панели за откривање на причината која предизвикува неплодност кај мажи и жени. Овие два панели, панел за „женска“ и панел за „машка“ неплодност можат да им помогнат на паровите и младите лица, успешно да го детектираат генетскиот причинител кој ја предизвикува неплодноста, да ја спречат оваа состојба и да започнат навремен третман.

Rodinia претставува тест за скрининг на генетски промени (мутации) поврзани со неплодноста. Преку идентификување на генетската причина за неплодноста, можете да донесете информирани и точни одлуки, кои ќе резултираат со најдобриот план за клинички третман за вас, а тоа ќе помогне да се зголемат шансите за зачнување.

Тестот Rodinia е соодветен за парови или поединци што не можат да остварат бременост, млади лица со суспектно нарушување на сексуалниот развој и лица со семејна историја на неплодност.

За кого е наменет Rodinia?

Rodinia ПАНЕЛ ЗА ЖЕНСКА НЕПЛОДНОСТ:

Вклучува тестирање на X-хромозомите и нарушувања, како што се примарна оваријална инсуфициенција, синдром на полицистични јајници, хипогонадотропен хипогонадизам и синдром на оваријална хиперстимулација.

Цена: 30.500 денари

Издавање резултати: 2 – 4 СЕДМИЦИ

ПОТРЕБЕН ПРИМЕРОК: БУКАЛЕН БРИС (брис од уста).

Rodinia ПАНЕЛ ЗА МАШКА НЕПЛОДНОСТ

Вклучува тестирање на X и Y-хромозомите, вклучуваќи и микроделеции на Y-хромозомот и нарушувања како што се хипогонадотропен хипогонадизам, како што е Калманов синдром.

Цена: 30.500 денари

Издавање резултати: 2 – 4 СЕДМИЦИ

ПОТРЕБЕН ПРИМЕРОК: БУКАЛЕН БРИС (брис од уста).

Цена со попуст за изработка на двата панели (доколку двајцата партнери се тестираат заедно): 58.500 денари

Погледнете ја листата на панели и гени.

Погледнете ја брошурата Rodinia тука.