fbpx

СПЕЦИФИЧЕН ЛИПОПРОТЕИНСКИ СТАТУС (Apo A-1 + Apo B + Lp [a]) лабораториски пакет на анализи за процена на ризик за кардиоваскуларни заболувања

Автор на статијата: Д-р Бранко Јагликовски, специјалист по медицинска биохемија

Аполипопротеините (Apo A-I и Apo B).

Студиите покажале дека анализите Apo A-I и Apo B се корисни во проценка на ризикот од атеросклероза и имаат поголема прогностичка вредност од самостојните анализи на „добриот” и „лошиот” холестерол HDL и LDL.

Apo A-I и Apo B се главни протеински компоненти на HDL и LDL- аполипопротеинот Б (ApoB) е примарна протеинска компонента на липопротеинот со ниска густина (LDL), а аполипопротеинот А1 (ApoA1) е примарна протеинска компонента на липопротеинот со висока густина (HDL). Лица со атеросклеротични васкуларни промени често покажуваат намалени нивоа на Apo A-I  и зголемени нивоа на Apo B.

Особено моќен параметар за проценка на ризикот од атеросклероза е коефициентот Apo A-I / Apo B: колку е поголема вредноста на коефициентот, толку е поголем ризикот за појава на атеросклероза.

Липопротеин (а) (Lp [a])

Lp(a) е фактор на ризик за срцеви заболувања, особено кога LDL холестеролот е исто така покачен. Lp(a) е липопротеин кој содржи јадро богато со липиди опкружено со два протеини, аполипопротеин Б100 и аполипопротеин (а).

Lp(a) се задржува во ѕидот на артеријата повеќе од LDL холестеролот бидејќи се врзува за внатрешноста на артеријата преку аполипопротеинот (а). Исто така, се смета дека Lp(a) го зголемува ризикот од срцев удар со влијание на механизмите на згрутчување на крвта и со тоа придонесува за развој на коагулуми на внатрешната површина на крвните садови. Ова двојно дејство може да ја објасни улогата на Lp(a) во развојот на кардиоваскуларните болести (КВБ).

Концентрациите на Lp(a) во крвта се генетски детерминирани и ќе останат прилично константни кај поединецот во текот на животот. Концентрацијата не е засегната од исхраната, вежбањето и другите модификации на животниот стил кои се користат за намалување на липидите во крвта. Концентрациите на Lp(a) се малку пониски кај мажите отколку кај жените и малку се зголемуваат кај жените по менопаузата.

Одредувањето на Lp (a) во крвта е корисно за следење на пациенти со коронарна срцева болест кај лица со постоечка болест или семејна историја за болеста. Зголемените концентрации на Lp (a) се директен показател за зголемен ризик за коронарна срцева болест.

Комбинацијата од овие анализи т.н СПЕЦИФИЧЕН ЛИПОПРОТЕИНСКИ СТАТУС (Apo A-1 + Apo B + Lp[a]) претставува скрининг алатка/маркер за одредување ризик за појава на кардиоваскуларни заболувања и атеросклеротични васкуларни промени кај лица без и со претходна историја за постоење болест. Оваа комбинација на анализи овозможува и е клучна за поставување дијагноза, следење на одговор на терапија, а утврдувајќи го ризикот значително помага да се спречи развој на многу патолошки состојби.

Тестовите кои се работат во Авицена Лабораторија се високосензитивни и специфични, се работат на комплетно автоматизиран инструмент од производителот Siemens Healthcare Diagnostics, a самата автоматизирана постапка и високопрецизна технологија овозможува дополнителна сигурност и објективност, за точен и прецизен резултат.

ЦЕНА:

Аполипоротеин А-I (Apo A-I)                                                                          600,00 денари

Аполипоротеин B (Apo B)                                                                        600,00 денари

Липопротеин (а) (Lp [a])                                                                          600,00 денари

ПАКЕТ – Специфичен липопротеински статус (Apo A-1 + Apo B + [a])    1400,00 денари