fbpx

Фекално окултно крварење – квалитативно

Фекално окултно крварење – квалитативно

цена 480

За тестот:

Биохемиски тест кој се прави на примерок од фецес, со цел да се открие присуство на крв која инаку не е видлива со голо око.

Примерок:

Фецес

Подготовка пред земање примерок:

За рутинско испитување, материјалот го собира самиот пациент во сад за собирање на фецес. Доволни се 1-2 g на фецес. Ако испитувањето се врши заради сомнеж од
труење со храна, треба да се земат повеќе од 10g. Примерокот е несоодветен за испитување ако во садот во кој што е донесен има видливи траги од сапун или детергенти.

Забелешка:

Присуството на крв во фецесот може да биде единствен симптом за рак на дебелото црево. Но не секогаш присуството на крвта во фецесот е предизвикано од рак. Други услови кои можат да предизвикаат крв во фецесот се: хемороиди, анални фисури, полипи на дебело црево, колитис и др.