fbpx

Генетски тест за неплодност кај мажи (Азоспермија)

Генетски тест за неплодност кај мажи (Азоспермија)

цена 4500

За тестот:

Зошто е важно генетското тестирање за машка неплодност?

Неплодноста е чест медицински проблем кој влијае на 15% од лицата кои се обидуваат да добијат потомство. Во 30% до 50% од случаите, мажот е главниот фактор за неможноста за зачнување.

Детекција на постоење на генетски причини за машка неплодност овозможува дијагноза на неплодност кај двојки кои се обидуваат да формираат семејство, а освен тоа и давање препораки за понатамошни чекори кои треба да се преземат (техники на вештачко оплодување и соодветно генетско советување).

 

Сперматогенезата е суштински процес кој се регулира од многу специфични гени лоцирани на Y хромозомот. Повеќето од овие гени се наоѓаат во специфичен регион познат како регион на факторот на азооспермија (AZF) на долгиот крак на човечкиот Y хромозом. Микроделециите на AZF се препознаваат како најчести структурни хромозомски абнормалности и тие се главната причина за машката неплодност.

Промените во овој регион се поврзани со абнормалности во производство на сперма, а со тоа и

до неплодност.

Микроделециите на AZF се една од главните причини за азооспермија (целосно отсуство на

сперма во ејакулатот) и тешка олигозооспермија (помалку од 5 милиони сперматозоиди во

ејакулатот кај мажите.)

 

Тестот кој се работи во Авицена Лабораторија врше детекција на хромозомски промени-делеции на AZF (AZFa, AZFb, AZFc) на човечкиот Y-хромозом ,со помош на RT-PCR метода.

 

Потребен примерок: полна крв – една EDTA епрувета.

Време на изработка: 1 работен ден.

             Цена: 4.500 денари.

 

Во стоиме на располагање за дополнителни прашања и информации.