fbpx


Сезоната на алергии е во полн ек. Симптомите како кивање, кашлање, пецкање и чешање на очите, носот или грлото, во овој период од годината ги искусуваат се поголем број на луѓе. Отстранете го секој сомнеж и бидете сигурни што е тоа што ја предизвикува ваквата реакција на организмот.

Што е алергија?

Алергија претставува сложен имунолошки процес во човечкиот организам што настанува како резултат на влијанието на различни типови супстанции (алергени) со кои веќе еднаш организмот бил во контакт. Притоа следува цела низа процеси – реакции на создавање на антитела од типот IgE како и разни типови имунолошки комплекси, од кои понатаму зависи и како ќе се манифестира целокупната реакција – како здравствен проблем.

Алергиската реакција може да се појави било каде во организмот – при тоа, може да предизвика сериозни последици, дури и да заврши со смрт.

Што ја предизвикува алергијата и како се манифестира?

Постојат стотици видови на алергени и тие се наоѓаат насекаде околу нас – во домот, работната средина, храната, природата што не опкружува. Поделени се во неколку групи, од кои најчести се алергените во прехранбените производи (нутритивни алергени), вдишувачките или алергените присутни во воздухот (инхалаторни алергени), контактните алергени, лековите и сл.

Во зависност од видот на алергенот и местото на одигрување на реакцијата, алергијата може да се манифестира на најразличен начин – од солзење и црвенило на очите, секреција од носот, отежнато дишење и кивање, осип по кожата, па се до потешки и сериозни заболувања, кои се предизвикани од алергија – астма, хронични воспаленија на дишните патишта, кожни заболувања, нарушувања во варењето на храната и сл. Повеќето луѓе всушност и не знаат, дека сезоната за алергии никогаш не завршува-таа трае преку целата година, било да се работи за затворени простории или надворешната средина. Човекот во своето опкружување постојано е во контакт со секакви супстанции, кои се потенцијални предизвикувачи на алергиски реакции и се опасни подеднакво за сите – возрасни, деца, болни или здрави.

За третман на алергијата постојат неколку групи лекови, кои се употребуваат по препорака и под надзор на лекар. Како и за секое заболување, од исклучителна важност е да се утврди причината за настанатата алергиска реакција. Еден од првите чекори во лекувањето на алергијата е избегнување на контактот со причинителот на алергијата. Затоа, неопходно е да се знае дали постои еден, или можеби повеќе причинители, кои ја влошуваат Вашата здравствена состојба.

Постојат и многу други заболувања кои ги имаат истите симптоми како алергиите. Затоа, во одредени ситуации, со цел да се дознае на што се должат настанатите симптоми и да се спроведе вистинскиот третман, потребно е да се направат и алерготестови.

Дознајте ја вистинската причината за Вашата алергиска реакција!

Најново во дијагностиката на алергиски реакции

Алерготестовите се најдобриот и единствениот начин да дознаете дали сте алергични. Тоа е, исто така, единствениот начин да се утврди што е тоа што ги предизвикува Вашите симптоми.

Кога ќе се утврди вистинската причината за настанатата aлергиска реакција, многу е поедноставно да се спречи понатамошниот контакт со алергенот и да се ублажат симптомите со соодветен третман.

Во Авицена Лабораторија се изработуваат најсовремени квантитативни алерготестови преку крв од германскиот производител R-Biopharm. Единствени алерготестови на пазарот со стандардна крива калибрирана согласно стандардот на СЗО „2nd WHO IRP 75/502 for human IgE“.

–          Тестирањето е лесно и едноставно за изведба и се прави со само едно земање крв (венска или капиларна)

–          Тестовите се прават на секоја возраст, кај мали деца и возрасни, без потреба од претходна подготовка и прекин на тековната терапија.

–          При тестирање преку крв се спречува можноста за внесување алергени, со што се избегнува ризикот од анафилактична или други несакани реакции.

–          Безбедно, брзо и прецизно

Тестовите се формулирани во вид на панели, со по 20 алергени (нутритивни, педијатриски, инхалаторни, комбинирани и посебно прилагодени за нашето подрачје) за истовремена детекција на 20 предизвикувачи одеднаш.

Добиените резултати директно укажуваат на тоа дали се работи за алергија или не и точно го идентификуваат предизвикувачот на алергиска реакција. Покрај тоа даваат информација и за интензитетот на алергиската реакција (изразено во класи од 1 до 5).

Цената алергиските панели можете да ги разгледате на следниот линк.

Разгледај ја брошурата на следниот линк.

ИНХАЛАТОРЕН алергиски панел:

-DERM.Pteronyssinus

-DERM.Farinae

-Евла

-Бреза

-Леска

-Даб

-Мешани треви

-‘Рж (полен)

-Пелин

-Тегавец (полен)

-Мачка

-Куче

-Коњ

-Морско прасе

-Хрчак

-Зајак

-PENICILLIUM NOTATUM

-CLADOSPORIUM HERBARIUM

-ASPERGILLUS FUMIGATUS

-ALTERNARIA ALTERNATA

НУТРИТИВЕН алергиски панел:

-Лешници

-Кикирики

-Ореви

-Бадеми

-Млеко

-Белка од јајце

-Жолчка од јајце

-Казеин

-Компири

-Целер

-Моркови

-Домати

-Бакалар (риба)

-Морски рак (краба)

-Портокали

-Јаболка

-Пченично брашно

-‘Ржано брашно

-Семки од сусам

-Соини зрна

КОМБИНИРАН алергиски панел:

-DERM.Ptеronyssinus

-DERM.Farinae

-Евла

-Бреза

-Леска

-Мешани треви

-‘Рж (полен)

-Пелин

-Тегавец

-Мачка

-Куче

-Коњ

-Alternaria Alternata

-Белка од јајце

-Млеко

-Кикирики

-Лешници

-Моркови

-Пченично брашно

-Соини зрна

ПЕДИЈАТРИСКИ алергиски панел:

-DERM.Pteronyssinus

-DERM.Farinae

-Бреза

-Мешани треви

-Мачка

-Куче

-Alternaria Alternata

-Млеко

-α-LACTOALBUMIN

-β-LACTOGLOBULIN

-Казеин

-Белка од јајце

-Жолчка од јајце

-Говедски серум албумин

-Соини зрна

-Моркови

-Компири

-Пченично брашно

-Лешници

-Кикирики

1HVEN (КОМБИНИРАН) алергиски панел, посебно креиран за нашето поднебје:

-Мачка

-Коњ

-Крава

-Куче

-Гуска (пердуви)

-Патка (пердуви)

-Домашна прашина

-Златица (коров)

-Бршлен

-Ран полен од дрва

-Доцен полен од дрва

-Багрем

-Овес, зоб

-Пченица

-Латекс

-Сончоглед

-Убод од пчела

-Убод од оса

-Бубашваба

-Мравја киселина

3UY (НУТРИТИВЕН) алергиски панел, посебно креиран за нашето поднебје:

-Јајце
-Млеко/млеко во прав/казеин
-Пченично/овесно/оризово/соино брашно
-Овесно брашно
-Пченкарно брашно
-Какaо
-Глутен
-Домат
-Лимон
-Портокал
-Јагоди
-Кикирики
-Соја протеин
-Ореви/лешници/бадеми
-Говедско месо
-Свинско месо
-Пилешко месо
-Морски рак (краба)
-Мали ракчиња (shrimps)
-Туна/ лосос/ бакалар/ школки

Срцеви биомаркери

Модерната превентивна медицина цели кон тоа да прави скрининг во популацијата со цел да се откријат оние кои имаат ризик да развијат одредено заболување, однoсно да се откријат оние кај кој процесот е веќе одамна започнат, но сеуште не е проследен со симптоми. Така, денеска ризикот за настанување на кардиоваскуларните инциденти може да се толкува врз основа на многу лабораториски параметри како би се превземале навремени превентивни мерки.

Што се срцеви маркери?

Срцеви маркери се биомаркери (супстанци) кои се ослободуваат во крвта и чија концентрација се мери со цел да се оцени правилната функција на срцето.

Зошто се мерат?

Мерењето на срцевите маркери помага во проценка на ризикот, дијагностицирање, следење и справување со срцевите проблеми, овозможувајќи брзо започнување на превентивни и терапевтски мерки.

Авицена Лабораторија ви нуди најсовремени високосензитивни тестови на Siemens Healthcare Diagnоstics восогласност со препораките на ESC (European Society of Cardiology) и ACC (American College of Cardiology Foundation) за одредување на концентрацијата на сите важни срцеви маркери во крвта.

1.Високо сензитивен C – реактивен протеин (hsCRP)

Високо сензитивен C – реактивен протеин (hsCRP)

► hsCRP е индикатор за настанување некакво кардиоваскуларно пореметување кај возрасни лица, без претходна историја за постоење болест.

► hsCRP ја подобрува проценката на ризикот и одговорот на терапија во примарната превенција на кардиоваскуларни заболувања.

he hsCRP test hsCRP тестoт врши квантитативна анализа на многу ниски нивоа на CRP во крвта.

Класичните CRP тестови не можaт да го детектираат нивото на CRP кое е поврзано со развој на кардио‐васкуларни заболувања. Токму со тестот hsCRP може да се детектираат овие ниски концентрации. Се работи за тест кој се повеќе се користи како маркер за проценка на ризик за кардиоваскуларни заболувања,s, но и како прогностички маркер кај веќе постоечки срцеви заболувања.

Заедно со евалуацијата на липидниот статус и скор‐системите за одредување ризик, hsCRP тестот е неопходен во евалуацијата на ризикот за кардиоваскуларни заболувања кај една индивидуа.

2.Креатин киназа – CK (CK-MB)

Во клиничката практика квантитативното одредување на СК во серум служи како маркер за инфаркт на миокардот и болести на скелетните мускули.

Концентрацијата на CK-MB како маркер за рано оштетување на миокардот расте 2-6 часа по нападот, и може да се качува и до 2-3 дена по срцевиот удар.

Причини за покачени вредности:

1. Миокарден инфаркт

2. Миокардитис

3. Перикардитис

4. Мускулна дистрофија

5. Операција на срце

6. Напорни вежби – тренинг

7. Мешани болести на сврзното ткиво

8. Кардиомиопатија

9. Хипотермија

3.Тропонин

Квантитативното определување на тропонин I во серумот служи како маркер за миокардна некроза и акутен миокарден инфаркт, за идентификација на пациенти со висок ризик и следење на состојбата, потврда на потребата за поагресивен третман, да се направи разлика помеѓу ангина пекторис и миокарден инфаркт кај пациенти со болка во градите.

Срцевите тропонини при миокарден инфаркт остануваат зголемени 10-14 дена по кардијалното оштетување.

Нивоата на тропонин остануваат зголемени во крвта подолго од нивоата на CK-MB или MYO, овозможувајќи еден продолжен дијагностички период за миокардниот инфаркт.

Цените на срцевите биомаркери можете да ги разгледате на следниот линк: Ценовник

Сексуално преносливите болести претставуваат група на заболувања кои доколку не се дијагностицираат и третираат навремено и правилно, може да доведат до компликации како што се неплодност, екстраутерина бременост или сериозни последици врз бременоста или новороденчињата.

Chlamydia trachomatis

Хламидиите се грам-негативни, неподвижни бактерии кои не се во можност сами да синтетизираат АТП и затоа постојат како задолжителни интрацелуларни паразити во еукариотските клетки. Постојат четири познати видови на кламидија: C. trachomatis, C. psittaci, C. pecorum и C. Pneumoniae.

Денес, C. trachomatis се смета за втор најчест предизвикувач на сексуално-преносливи болести со околу 89,1 милиони инфекции ширум светот секоја година.

Секоја година се регистрираат околу 3 милиони случаи во САД. Познато е дека C. trachomatis може да предизвика цервицитис, аднекситис, неонатален конјунктивитис, неонатална пневмонија, уретритис, епидидимитис и проктитис. Покрај тоа, C. trachomatis е најчеста причина за негонореален уретритис кај мажи (околу 25 – 55% од случаите).

Нелекуваните хламидијални инфекции кај жени може да доведат до сериозни последици. Бидејќи приближно три четвртини од овие инфекции се асимптоматски, остануваат многу случаи кои се непрепознаени и нетретирани, што предизвикува дополнителни проблеми особено кај бремените жени. Новородените деца на жени заразени со хламидија имаат висок ризик конјунктивитис и пневмонија.

Neisseria gonorrhoeae

Neisseria gonorrhoeae (гонокок) е патоген што предизвикува гонореја. N. gonorrhoeae е генетски тесно поврзана со N. Meningitidis (менингокок), причина за еден вид бактериски менингитис. Двете бактерии, инфицираат само луѓе. Покрај тоа, има различни видови на Neisseria кои припаѓаат на нормалната човечка флора; тука спаѓаат N. cinerea, N. elongata, N. flavescens, N. mucosa, N. sicca и N. subflava. Инфекциите со N. gonorrhoeae се трета најчеста причина за сексуално- преносливи болести. Во светот годишно се пријавуваат околу 62,2 милиони случаи на гонореја. Кај мажите, оваа болест генерално предизвикува уретритис на долна уретра со гноен исцедок. Кај жените, болеста обично е локализирана во цервикалната област, но исто така може да бидат зафатени вагината и матката.

Сексуално преносливи микоплазми

Микоплазмите се најмалите микроорганизми кои самостојно се реплицираат (дијам. 300-800 nm, во зависност од обликот на клетката). Бидејќи немаат клеточен sид, тие се отпорни на многу антибиотици, имаат многу променлива форма и тешко е да се идентификуваат со употреба на техники на боење.

Некои видови се јавуваат како животински и човечки паразити и се размножуваат во овие домаќини. Најважни видови човечки патогени се Mycoplasma hominis, Ureaplasma urealyticum и Mycoplasma genitalium, покрај Mycoplasma pneumoniae. Тие ја колонизираат мукоза на урогениталниот тракт и се извор на различни болести кога ќе се намножат. Организми од видот Mycoplasma hominis, Mycoplasma genitalium и Ureaplasma Urealyticum се чести предизвикувачи на сексуално-преносливи болести кај мажи и жени. Асимптоматските инфекции се чести кај жените, додека кај 70% од мажите се јавуваат симптоми како што се болести на уретрата, дизурија, иритација на пенисот и знаци на епидидимитис или простатитис.

Следниве нарушувања предизвикани од микоплазми и уреаплазми досега биле идентификувани кај жени:

Воспаление на мочниот меур (циститис), воспаление на уретрата (уретритис), воспаление на бубрезите и бубрежната карлица (пиелонефритис), воспаление на вагината (вагинитис, колпит), воспаление на цервикалната мукоза (цервицитис), воспаление на матката цевка (салпингитис), воспаление на јајцеводите и јајниците (аднекситис), воспаление на сврзното ткиво на карлицата и мукозата на матката (параметритис и ендометритис).

Кај мажите, инфекции со микоплазма и уреаплазма може да доведат до воспаление на уретрата (уретритис) и простата (простатитис).

Кај двата пола, ваквите инфекции можат да предизвикаат неплодност. Покрај тоа, Mycoplasma hominis и Уреаплазма уреалитикум може да предизвикаат постпартална пневмонија, менингитис и апсцес кај новороденчиња.

Treponema pallidum

Treponema pallidum subsp. pallidum припаѓа во група Спирохети и е предизвикувач на сифилис. Бактеријата е приближно 5 – 15 μm во должина и 0,2 μm ширина, со спирален облик.

Сифилис се јавува само кај луѓе и се пренесува со сексуален контакт, преку крв или интраутерино од мајка на дете.

Инфекцијата со T. pallidum напредува низ неколку фази доколку не се лекува: Примарна, секундарна, латентна и терцијарна фаза. Примарната инфекција се јавува во лезија на шанкр на местото каде што бактериите продираат во епителните клетки. Потоа, може да следи и зафаќање на повеќе системи. Ако се развие воспалителна реакција (доцен или терцијарен сифилис),може да се појават „гумозни” лезии на кожата. Во оваа фаза, T. pallidum исто така може да влијае на кардиоваскуларниот систем и централниот нервен систем (невросифилис).

Во Авицена Лабораторија е достапен високосензитивен тест за молекуларна детекција на причинители на сексуално-преносливи инфекции.

Прочитајте повеќе за тестот на следниот линк.

ШТО Е ОСТЕОПОРОЗА?

Во светот, една од три жени и еден од пет мажи на возраст од 50 години и повеќе ќе доживеат остеопоротична фрактура. Остеопорозата предизвикува коските да станат слаби и кревки, така што лесно се кршат – дури и како резултат на помал пад, удар или ненадејно движење. Скршеници предизвикани од остеопороза може да бидат опасни по живот и главна причина за болка и долгорочна попреченост.

Извор: https://www.worldosteoporosisday.org/about-osteoporosis

Дали може да се спречи остеопороза и фрактурите? Да, доколку се дијагностицира навремено!

Скршеници (фрактури) поради остеопороза имаат катастрофално влијание врз милиони луѓе ширум светот. Сепак, и покрај ефективниот медицински напредок за намалување на скршениците, мала група на мажи и жени примаат соодветен третман.

Само 20% од пациентите со остеопоротични фрактури се всушност дијагностицирани или третирани за остеопороза.

5 ЧЕКОРИ ДО ЗДРАВИ КОСКИ:

Дијагностички тестови:

Покрај преглед од лекар и „имиџинг” методи со кои се добива слика за коскеното ткиво, од огромно значење се и лабораториските тестови.

Во Авицена Лабораторија се достапни повеќе лабораториски тестови кои даваат комплетен увид во метаболизмот на Витамин Д, кој има клучна улога за состојбата на коскеното ткиво.

  • Одредување концентрација на Vitamin D
  • Intact PTH (Parathormon)
  • Електролити (од кои најважен за коскеното ткиво е Калциум)
  • Ензими (Алкална фосфатаза како маркер за коскениот метаболизам)
  • Calcitonin ( хормон кој учествува во метаболизам во калциум)
  • Хормонален статус за проценка на менопауза/андропауза, како ризик фактор за остеопороза

НОВО! Пакет Витамин Д+ PTH +Joнизиран калциум

Во пресрет на светскиот ден на остеопороза, во Авицена Лабораторија е достапен нов пакет за метаболизмот на Витамин Д.

Прочитајте подетално на следниот линк.

PNEUMOSLIDE

Иако во време на пандемија со COVID-19, секоја респираторна инфекција е сомнителна за COVID-19, постојат голем број на микроорганизми – бактерии и вируси, кои можат да бидат причинители на благи или сериозни респираторни инфекции.

Освен тоа, кај пациенти со COVID-19, многу често може да настане дополнителна инфекција со некој микроорганизам и истиот да биде причинител за долготрајната кашлица, губење здив и други респираторни симптоми и влошување на состојбата.

Доколку навремено се открие причинителот на болеста, ќе може навремено да се даде соодветна терапија, со што ќе се скрати времетраењето на болеста и пациентот ќе добие соодветен третман.

PNEUMOSLIDE – тест преку крв за истовремено откривање на 9 видови бактерии и вируси, причинители на најчестите инфекции на дишните патишта кои не се откриваат со класични методи

ЗОШТО PNEUMOSLIDE?

1.       Точно и брзо откривање на причинители на невообичаени инфекции

2.       Можност за најсоодветно лекување

3.       Се скратува времетраењето на болеста

4.       Без ризик од резистенција кон дадените лекови

5.       Штеди време и средства

6.       Спречува развој на компликации

7.       Идентификација на 9 респираторни атипични патогени одеднаш

8.       Со само еден тест, резултати истиот ден

ШТО Е PNEUMOSLIDE?

PNEUMOSLIDE претставува индиректен имунофуоресцентен тест кој овозможува детекција на IgG и IgM антитела од серум на пациент, за 9 поединечни атипични патогени одеднаш.

–          Mycoplasma pneumoniae

–          Legionella pneumophila

–          Chlamydia Pneumoniae

–          Coxiella burnetii

–          Adenovirus

–          Respiratoren Sinicijalen Virus

–          Influenza A

–          Influenza B

–          Parainfluenza (serotipovi 1,2,3)

Запомнете! Голем број од респираторните инфекции се предизвикани од горенаведените атипични патогени и истите се виновни за исклучително висок морбидитет и морталитет.

КОГА PNEUMOSLIDE?

Индициран е кај сите респираторни инфекции!

□        Најголем број од респираторните инфекции се етиолошки недокажани

□        Многу често се вклучени повеќе патогени

□        Уште почесто се среќава мешана инфекција

Особенo кај:

►     Пролонгирани и повторувачки респираторни инфекции

►     ХОББ (хронична Опструктивна Белодробна Болест)

►     Мали деца

►     Стари луѓе

►     Кардиопулмонални, хронични неподвижни болни

►     Луѓе со компромитиран имун систем

►     Екстрапулмонални манифестации

Примерок: Венска или капиларна крв

Издавање резултати: Истиот ден за прием на пациенти до 13 часот

Инфекциите на гастроинтестиналниот систем се многу чести кај општата популација и може да се манифестираат на различен начин, во зависност од тоа кој е причинителот, возраста, општата состојба на организмот и други фактори.

Без оглед дали се работи за вирусна или бактериска инфекција, симптомите скоро секогаш вклучуваат гадење, мачнина, повраќање, проливи и различен степен на дехидратација.

Како и за секоја друга состојба, и кај гастроинтестиналните инфекации откривањето на причинителот е од клучно значење за правилен третман на состојбата и воспоставување котрола врз инфекцијата.

ВИРУСНИ ЦРЕВНИ ИНФЕКЦИИ:

Вирусните инфекции на гастроинтестиналниот тракт се јавуваат преку целата година, а особено се чести во летниот период, кога повисоките температури се погодни за нивно размножување. Подеднакво и децата и возрасните страдаат од вакви цревни инфекции, кои се манифестираат со висока температура, болки во стомакот, гадење, повраќање, течни столици, кои можат да доведат до дехидратација на организмот. Истите се пренесуваат преку феко-орален пат, преку недоволно измиено овошје и зеленчук, нечисти раце, загадена вода, контакт со болен и сл.

Вирусите се најчести причинители за акутен гастроентеритис кај деца, како во развиениот свет, така и во земјите во развој и се смета дека 50 до 70 отсто од акутната дијареја кај децата е предизвикана од вирусен предизвикувач.

ROTAVIRUS

Ротавирусот претставува најважниот вирусен патоген во светот кај деца помлади од 5 години. Ротавирусната инфекција се манифестира со сезонски варијации, со зголемена зачестеност во зима и намалена зачестеност во летните месеци. Ротавирусот се карактеризира со исклучително висока зараза, краток период на инкубација. Се јавува ненадејно, многу е агресивен и доведува до тешки дехидратации придружени со висока телесна температура. Скоро сите деца заболуваат пред да наполнат пет години. Првите симптоми обично се јавуваат меѓу 1 и 3 дена (често 2 дена) откако лицето било изложено на вирусот, во форма на стомачни болки,силно повраќање и температура. Потоа се јавуваат водени течни столици, кои може да траат од 3-7 дена. Болеста обично трае помалку од 5 дена по што вирусот продолжува да се излачува преку фецесот за околу една недела.  Инфекциите предизвикани од овој вирус се честа причина за хоспитализација на доенчињата, бидејќи предизвикуваат тешки проливи и повраќања, проследени со висока температура и дехидрација.

Ротавирусната болест најчесто се јавува во периодот од Декември-Јуни.

Начин на пренос: феко-орален пат, преку измет или повратени маси на заболено лице, преку личен контакт, загадени предмети и загадена храна. Вирусот се наоѓа и во плунката, затоа е возможен и пренос преку воздух, со говор или кашлање.

NOROVIRUS

Norovirus е најчеста причина на дијареa кај возрасните. Кај децата, тоа е втората најчеста причина за гастроентеритис, по ротавирусите.

Се работи за високовирулентен микроорганизам – заболен пациент може да исфрли билиони партикли од вирусот, а друг може да заболи од само неколку такви партикли.

Симптомите почнуваат нагло – гадење, повраќање, пролив и болка во стомакот – и се јавуваат 12-24 часа по изложеноста и се придружени со треска, главоболка и болки  по целото тело.

Иако симптoмите вообичаено траат 3 дена, кај деца и повозрасни лица може да доведе до дехидратација и сериозни здравствени проблеми. Екскрецијата на Norovirus во фецесот е најизразена 4-5 дена по почетокот на инфекцијата, но вирусната екскреција може да се открие и до околу еден месец. Имунитетот не е долготраен; истиот вирус може да предизвика нова инфекција по околу 6 месеци.

Начин на пренос: Потребна е многу мала инфективна доза, коja се пренесува преку контаминирана храна или вода, контаминирана површина, како и инхалација на партикли на вирусот при контакт со заболено лице. Вирусот е отпорен на ниски и високи темепература и на многу дезинфекциони средства. Многу често прави епидемии во полузатворени колективи (градинки, училишта, болници,домови за стари лица,бродови на крстарења и сл.)

ADENOVIRUS

Освен тоа што предизвикуваат респираторни инфекции, Аденовирусите за причинители и за гастроентерити. Вообичаено се јавуваат кај деца и имаат лесен или средно-тежок облик на пролив, повраќање и температура. Потешка форма на заболување се јавува кај лица со компромитиран имун систем и други придружни заболувања.

Начин на пренос: близок контакт со заболено лице или контаминирана површина, предмет или вода. Вирусот е високовирулентен и може да остане на одредена површина подолго време и поради тоа лесно се пренесува и може да прави мали епидемии.

ASTROVIRUS, SAPOVIRUS

Двата типа вируси предизвикуваат гастроентерити кај деца и возрасни, со различна форма на  клиничка слика.

Саповирусот, заедно со норовирусот, е еден од најчестите предизвикувачи на гастроентерити, посебно кај деца. Заболено лице може да исфрли до 109 партикли на вирус во 1 грам фецес или повратена маса, а само 10-тина  вирусни честички може да предизвикаат заболување.

Симптомите наликуваат на оние на норовирус, инкубацијата е од 1-4 дена и поретко се јавува температура.  

Начин на пренос: бидејќи се пренесуваат преку феко-орален пат, многу е важна строга хигиенска контрола и избегнување на контакт со заболен.

БАКТЕРИСКИ ПРИЧИНИТЕЛИ:

Гастроинтестиналните инфекции предизвикани од бактерии и/или нивни токсини, може да предизвикаат различни симптоми, кои може да се манифестираат со лесна форма па се до тешка форма на заболување.

CLOSTRIDIUM DIFFICILE, ТОКСИН А И Б

Clostridium difficile е еден од најзначајните патогени кои се поврзуваат со инфекции стекнати во болничката средина, како резултат на антибиотска терапија.

Микроорганизмот има способност да лачи токсини, способност за спорулација и  е многу отпорен на  надворешни влијанија.

Водени и понекогаш крвави, профузни течни столици започнуваат 4-9 дена по стартот со антимикробната терапија. Дијарејата може, исто така, да започне по завршувањето на антибиотскиот третман. Во многу ретки случаи, ентеритис предизвикан од  C. difficile може да се јави без претходен антибиотски третман. Се јавуваат абдоминални болки, грчеви и покачена температура, а тешките форми доведуваат до псевдомембранозен колит или хеморагичен колит, како животозагрозувачка состојба. Кај полесни случаи, вообичаено е потребно да се прекине антибиотскиот третман кој ја предизвикал состојбата.

ЕНТЕРОТОКСИЧНА ESCHERICHIA COLI (ETEC) И ЕНТЕРОХЕМОРАГИЧНА ESCHERICHIA COLI (EHEC)

E. coli бактериите секогаш потекнуваат или од човечки или од животински фецес.

Ентеротоксичната Escherichia coli (ETEC) е најчеста причина за патнички пролив. Повеќето случаи се самоограничувачки и се решаваат брзо, без лекување. За разлика од неа, ентерохеморагична Еscherichia coli (EHEC) може да предизвика хемолитично-уремичен синдром (HUS) кој може може да биде фатална состојба. Главниот резервоар на овој патоген е добитокот, бактериите се присутни во фекалии од добиток, а изолирани се и од говедско месо. Не се препорачува состојбата да се третира со антибиотици, бидејќи уништувањето на бактериите предизвикува нагло обемно ослободување на токсини.

SALMONELLA TYPHI И PARATYPHI

Овие бактерии предизвикуваат системски инфекции предизвикани од серотипови кои се специфични за луѓето. Инфекција предизвикана од S. typhi се карактеризира со тифус синдром кој започнува по период на инкубација од 1-2 недели: главоболка проследена со висока температура, малаксаност, болки во стомакот, гадење и релативна брадикардија (т.е. срцевата фрекфенција е под 100 па дури и при температура повисока од 39°C). Дијареата често е доцен симптом.

Salmonella paratyphi може да предизвика поблаги системски инфекции или само ентеритис.

НЕТИФОИДНИ САЛМОНЕЛИ

Се работи за алиментарна инфекција. Вообичеано е потребен голем инокулум за да предизвика инфекција, и затоа бактеријата мора да биде способна да се размножи во храната пред да биде способна да предизвика инфекција. Чести патогени видови се Salmonella typhimurium и Salmonella enteritidis. Тие обично предизвикуваат ентеритис со ненадејна појава на дијареа, абдоминална болка и покачена температура. Кај постарите и имунокомпромитирани пациенти, инфекцијата може да биде сериозна поради дехидрација и сепса.

SHIGELLA

За разлика од салмонелозата, само мала количина на бактерии се потребни за да предизвикаат инфекција, и најчест пренос е преку директен контакт. Најтешката клиничката слика е предизвикана од серотипот S. dysenteriae. Други серотипови се S.boydii, S.flexneri и S. sonnei.

Клиничката слика личи на ентеритис предизвикан од салмонела, но дијареата често станува крвава затоа што шигела бактериите го напаѓаат цревниот ѕид полесно од салмонелите.

CAMPYLOBACTER

Во развиенитите земји, Campylobacter инфекциите се најчеста причина за бактериска дијареа. Животните служат како извор на инфекција, најчесто поради неправилно приготвено месо. Campylobacter е широко распространет и во живината.

Campylobacter jejuni е предизвикувач во повеќето случаи (90-95%), а практично сите останати случаи се предизвикани од C. coli. Инфективна доза е само неколку стотини бактерии.

Периодот на инкубација е 1-7 дена и дијареата трае 3-5 дена, но чувството на нелагодност може да трае значително подолго.

YERSINIA

Yersinia се ентеробактерии кои живеат во животни. Пренос кај луѓето се случува преку консумација на храна контаминирана со Yersinia. Најчест извор на инфекција се свињите. Најчестит вид е Y. enterocolitica, друг патоген е Y. pseudotuberculosis. Периодот на инкубација обично е 4-6 дена. Некои од инфекциите поминуваат како благ или фебрилен ентеритис, други како мезентеричен лимфаденитис, кој може да имитира воспаление на слепо црево.

Yersinia ентеритис обично завршува спонтано. Сепак, може да се јави реактивен артритис како пост-инфективна компликација, особено кај пациенти кои се позитивни на ХЛА-Б27 антиген.

VIBRIO CHOLERAE

Трансмисијата настанува преку контаминирана вода или храна  Самите вибриони не се инвазивни; токсинот кој се излачува од бактериите е одговорен за симптомите.

Периодот на инкубација варира од неколку часа до неколку дена. Симптомите вклучуваат ненадеен почеток на безболна дијареа и бројни обилни водени столици.

Класичната болест, која брзо доведува до дехидрација, шок и често смрт ако не се лекува, сега е ретка. Поголемиот дел од случаите се јавуваат како релативно благи и само-ограничувачки дијареални болести.  Колерата е заразна болест која задолжително се пријавува и при сомнителни случаи.

ВО АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА Е ДОСТАПЕН ЦЕЛОСЕН ГАСТРОИНТЕСТИНАЛЕН ПАКЕТ-ДЕТЕКЦИЈА НА 17 ПРИЧИНИТЕЛИ НА ГАСТРОИНТЕСТИНАЛНИ ИНФЕКЦИИ (6 ВИРУСИ,9 БАКТЕРИИ И 2 ГАБИЧКИ), со МУЛТИПЛЕКС REAL-TIME PCR метода

►           ТЕСТИРАЊЕ ОД ЕДЕН ПРИМЕРОК, ЗА РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ ПРИЧИНИТЕЛИ

►           БРЗАТА ЕТИОЛОШКА ДИЈАГНОЗА ОВОЗМОЖУВА СООДВЕТЕН ТРЕТМАН И НАСОЧЕНА ТЕРАПИЈА

►           ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА НА ИНФЕКЦИЈАТА

►           ЗАШТЕДА НА ВРЕМЕ И СРЕДСТВА