fbpx

Ново! Тест за Interleukin-6 (IL-6)

Ве информираме дека од 12.11.2020 во Авицена Лабораторија е достапна анализата Interleukin-6 (IL-6) по цена од 1000 денари.

IL-6 е дел од големата групи молекули наречени цитокини. Цитокините имаат повеќе улоги во телото и особено дејствуваат во рамките на имунолошкиот систем, дефинирајќи го правецот на имунолошкиот одговор на организмот. Тие се дел од „воспалителната каскада“ што вклучува координирано и последователно активирање на патиштата на имунолошкиот одговор.

IL-6 може да се покачи при разни воспаленија (вклучувајќи и COVID-19), инфекции, автоимуни нарушувања, кардиоваскуларни болести, некои видови на карциноми и др.

Тестот ја мери концетрацијата на IL-6 во крвта. Одредување на вредностите на IL-6 се прави со цел следење и прогноза на состојбата кај лица кои имаат некаков тип на ограничено или системско воспаление или инфекција, вклучувајќи го и COVID-19.

Вредностите на IL-6, секогаш мора да се интерпретираат заедно со клиничката слика на пациентот, во консултација со лекарот.