fbpx

Тест за морбили (мали сипаници) во Авицена Лабораторија

MEASLES VIRCLIA® IgM и IgG MONOTEST MORBILLI-мали сипаници)

Малите сипаници или морбили се инфективна вирусна болест која најчесто се јавува кај деца, со симптоми кои се јавуваат 10-12 дена по контакт со заболено лице и траат 7-10 дена.

Првите знаци и симптоми се зголемена телесна температура од 38 до 40 °C, кашлица, главоболка, малаксаност, вознемиреност и жед, по што следи катарален стадиум со зголемена носна секреција, солзење и црвени очи. Првиот осип се јавува во пределот на главата, а потоа се шири по целото тело. Компликациите се јавуваат во 30% од случаите и тоа во вид на бронхит, пневмонија, постинфективен енцефалит и субакутен склерозирачки паненцефалит.

Највисок титар на IgG антитела има 2 недели по појавата на исипот или 4 недели по вакцинацијата. Тие се намалуваат во текот на следните 6 месеци, а потоа титарот останува стабилен.

Титарот на IgM антителата е највисок 2 дена пред и неколку дена по појавата на исипот, брзо се намалува во период од 30-60 дена. Примерок за тестирање на IgM антитела треба да се земе во првите 3 недели.

Кај субакутниот склерозирачки паненцефалит IgM антителата не се детектираат, а во ликворот титарот на IgG е повисок отколку во серум.

Во Авицена Лабораторија, тестот за малите сипаници или морбили – MEASLES VIRCLIA® IgM и IgG е тест на база хемилуминисцентен метод  за детекција на IgM и IgG антитела уште во акутната фаза на болеста и затоа има многу висока сензитивност и специфичност.

Со овие лабораториски тестови, може да се докаже заболувањето во акутна фаза, односно да се провери дали организмот има доволно заштитни антитела по прележана инфекција или примена вакцина, како насока за тоа дали е потребна вакцинација.

Резултатите од овие лабораториски анализи се издаваат истиот ден.

Цена на тестот:

Morbilli virus IgG    750.00 ден

Morbilli virus IgM   750.00 ден

Morbilli virus IgG+IgM   1300.00 ден