Пријавете се на Авицена Женска Трка 2018

Со задоволство Ве информираме дека Авицена Лабораторија и оваа година е насловен спонзор на овогодинешната шеста по ред АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА, која ќе се одржи на 01.04.2018 година во Градски парк.

Женската трка секоја година зема поголем замав и станува значаен настан за подигање на свеста за здрави навики и унапредување на здравјето.

Пријавување и регистрација за Авицена Женска Трка 2018 може да се направи на следниот линк

 

ПРОПОЗИЦИИ ЗА АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА:

Дата на одржување: 1 април 2018 – недела
Место: – Градски парк, Фонтана Лотус
Почеток: 09.30- Аеробик
Старт: 10.00 – Трчање на 2.000 метри (1 круг на бул. Илинден)
Линк за пријавување: www.smartrace.club
Право на учество: Припаднички на женскиот пол без возрасно ограничување
Рок за пријавување: најдоцна до 28 март
Награди: Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман (според Gun Time) ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.
– до 12 години
– до 14 години
– до 18 години
– до 30 години
– до 40 години
– до 50 години
– 50+ години

СТАРТЕН ПАКЕТ:

– стартен број со чип
– онлајн диплома во ПДФ формат
– вода
– учество во лотарија
– подароци од спонзорите

НАСТАНОТ Е ПРЕДВИДЕН ДА СЕ ОДРЖИ ПО СЛЕДНИОТ РЕДОСЛЕД:

09.30 – Аеробик вежби за загревање 
10.00 – Старт на трка на 2км 
10.30 – Вежби за истегнување и релаксација
10.45 – Прогласување на најдобрите
11.00 – Лотарија
По завршувањето на трката, на платото кај Школката ќе има лотарија и прогласување на најдобрите на 2км.                             

Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман (според Gun Time) ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.

ПАТЕКА НА ТРКАТА

Стартот и целта ќе бидат на бул.Илинденска пред Фонтана Лотус и ќе се трча еден круг од 2 км на бул. Илинденска.
Патеката ќе биде обезбедена и обележена и ќе има поставено волонтери, а на 1 км ќе има и контролна точка за чиповите.