Рекорден број на учеснички на Авицена Женска Трка 2018

Шестото издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот маратон, за прв пат како улична трка, обедини над 1.700 жени. Бројката на пријавени учеснички оваа година успеа да го сруши минатогодишниот рекорд.

Учесничките на Авицена Женската трка истрчаа 2 километри на булеварот Илинден, манифестирајќи силна желба да се биде дел од масовна спортска манифестација која ги обединува жените од сите возрасти. Оваа трка беше инспирација за многу од нејзините учеснички да почнат активно да се занимаваат со вежбање, тренирање и зацврстување на здравите животни навики.

И оваа година Авицена Лабораторија беше насловен спонзор како институција која секогаш се грижи за унапредување на здравјето и го поддржува спортот и здравиот начин на живеење. На изложбените штандови на Авицена Лабораторија, присутните имаа прилика да дознаат повеќе во врска со анализите и услугите, директно од стручниот тим на Авицена Лабораторија, како и од многуте информативни материјали богати со едукативни и корисни содржини.

Тимот на Авицена Лабораторија им честита на сите учеснички за постигнатите резултати.