Почитувани,
Со задоволство Ве информираме дека ексклузивно во Авицена Лабораторија, во употреба се ставени софистицирани инструменти за визуелизација на тенки, слаби и невидливи вени.
За прв пат во нашата земја се воведува ваков тип на напредна патентирана технологија, со која на безопасен и ефикасен начин се дава чиста, прецизна и јасно дефинирана слика на вените на површината на кожата. Со помош на овој систем се олеснува пристапот кон слабо видливите вени кај одредена група на пациенти.