Со задоволство ве информираме дека Авицена Лабораторија се здоби со INSTAND сертификати за молекуларните PCR тестови за COVID-19, во рамките на редовната надворешна контрола за квалитет во месец ноември.
Програмите за надворешна контрола за работата и перформансите на една лабораторија се прифатени низ целиот свет, како неопходна алатка за објективна проценка. На овој начин се постигнува дополнителна контрола и сигурност во точноста на изработените анализи и издадените резултати.
Овие сертификати уште еднаш потврдуваат дека сите тестови за COVID-19 (молекуларни и имунолошки) кои се работат во Авиценa Лабораторија се точни, прецизни и со врвен квалитет, проверени и сертифицирани од реномираниот германски институт INSTAND.
Сертификатите за тестовите можат да се погледнат во галеријата во продолжение.