Интолеранција на храна

ДАЛИ ПРИЧИНАТА ЗА ВАШИОТ ПРОБЛЕМ Е ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА?

Понекогаш, одредени лица имаат невообичаена реакција кон одредена храна или состојка од храна!

Што е интолеранција на храна?

 

Интолеранцијата на храна претставува реакција на организмот, најчесто одложена, на одреден вид на храна или состојка од храна, при што се појавуваат симптоми на еден или повеќе органи и системи во телото, но се работи за реакција која е комплетно различна од алергиска реакција.

Всушност, овде станува збор за низок степен на перзистентна (долготрајна) хронична воспалителна реакција – се додека во организмот се внесува соодветен тип на храна – предизвикувач на проблемите.

Во секој случај симптомите што се појавуваат може да бидат многу слични на алергиските, и не секогаш може јасно да се разликуваат, но разлики сепак постојат: алергиите се најчесто со акутен почеток додека интолеранцијата е побавна – со одложен и непрепознатлив почеток на манифестирање на проблемите, алергиите може да бидат предизвикани и од присуство на трагови од алергените, додека кај интолерацијата е битна и количината на храната, кај алергиите има позитивни лабораториски алерготестови, а кај интолеранцијата се негативни и сл.

 

Кои се причините за појава на интолеранција на храна? Дали се генетски или пак се поврзани со начинот на живот?

 

Причините за појава на интолеранција на храна може да бидат различни – генетски, начинот на живеење и исхрана но и комбинирани.

Генетските причини се најчесто ензимопатии – т.е. генетски предизвикан недостаток на некој ензим за разложување на поедини состојки од храната (како што е лактоза, фруктоза и сл), што може различно да се манифестира во зависност од популациската припадност.

Многу почести причини се поврзани со начинот на живот и исхраната воопшто: инфекции (од различни предизвикувачи), стрес, лекови, хемиски додатоци во храната (адитиви, конзерванси, стабилизатори, бои, ароми...и сл).

 

Кои се симптомите на интолеранција на храна?

 

Најкарактеристични (но не и задолжително присутни) симптоми кај интолеранцијата на храна се честите течни или кашести столици, понекогаш запек, редовно чувство на подуеност и гасови, иритабилно црево, болки во стомакот и слични симптоми.

Поретки симптоми, при кои за жал ретко помислуваме на проблем со интолеранцијата на храна е присуството на чести главоболки па и дури мигренозни напади, болки во зглобовите, хронични кожни промени, атопичен дерматит, уртикарија, псоријаза, чешање, прекумерна тежина и сл.

 

Во што се состои лабораториското испитување за интолеранција на храна? 

 

Токму поради шареноликоста, а понекогаш и неспецифичноста на симптомите, кај нас многу често се случува воопшто да не се помислува на интолеранцијата на храна, додека во светската литература и пракса се повеќе е застапен ставот – пред да се проверат алергиски процеси или посложени состојби, првенствено да се провери постоење на интолеранција на храна, со оглед на секојдневното консумирање и составот.

Многу е важно лабораториските тестови кои се користат да бидат сигурни, сертифицирани и од докажан производител, како тестовите што се работат во Авицена Лабораторија. Не помалку важно е целиот процес на работа во лабораторијата да е строго контролиран, и да се запазуваат општоприфатените светски стандарди за квалитет во медицински лаборатории. На крајот, точниот и прецизен резултат е основата на секој правилен третман.

Тестот кој се изработуваа во Авицена Лабораторија (RIDASCREEN® Spec.IgG FoodScreen) од врвниот германски производител R-Biopharm e тест со кој најсигурно, најбезбедно и најточно ќе одредите што е тоа што ги предизвикува Вашите симптоми.

 

►      Истовремено одредување на можна интолеранција на преку 90 видови храна или состојки од храна 

►      Неинвазивен

►      Се прави со само едно земање крв крв

►      Резултати уште истиот ден

 

Истражувањата покажаа дека 2/3 од пациентите подложени на тестот за испитување на интолеранција на храна се ослободени од хроничните тегоби, што значајно влијае на општата здравствена благосостојба на секој пациент.

Резултатот од анализата се формулира така – да биде разбирлив, во смисол за кој тип на храна колкава е концентрацијата на IgG антителата и што значи тоа за организмот, со препорака кои чекори треба да се превземат и за колкав временски период.

 

Што по добивање на резултатот?

 

1. Избегнување на храна кон која се детектирани специфични IgG.

Храната за која е добиен позитивен резултат, треба комплетно да се избегнува, од 8-12 недели па се до една година, во зависност од реакцијата.

2. Ротациона диета со останата храна.

Останатата храна се консумира во 4-дневен циклус. (Пр.: ако се јадат одредени видови храна еден ден, истите да се избегнуваат следните 3 дена).

3. Повторно воведување на храната која се избегнувала.

Храната која се избегнувала се воведува постепено. Доколку повторно се јави реакција, истата храна се избегнува од менито.(може да се зема, но не често).

 

Во продолжение на сликите, можете да ги погледнете сите видови храна и состојќи од храна кои ги покрива тестот.