Известување за нова анализа

Почитувани,

Со задоволство Ве информираме дека од ден 27.06.2016 год., во Авицена Лабораторија почна да се работи нова анализа:

Аnti-TG Ab - тест за квантитативно определување на антитела кон тиреоглобулин

* Метод: ензимски амплифицирана хемилуминисценција

* Цена: 1.100,00 ден.

Антителата кон тиреоглобулинот се многу често присутни кај автоимуни заболувања на тиреоидната жлезда. Повисоки концентрации од овие антитела се среќаваат кај 35-80% од пациентите со Graves-oва болет и Hashimoto тиреоидит.

Anti-TG Ab тестот, заедно со останатите тестови, се користи во дијагноза на автоимуни заболувања на тиреоидната жлезда.

За какви било дополнителни информации или прашања, слободно контактирајте нѐ на нашите телефони 02/3079-700 или посетете ја www.avicenalab.com.mk.

Со почит,

Тимот на ПЗУ Авицена Лабораторија