Авицена Лабораторија со учество на 4-тиот Конгрес на гинеколози и акушери на Р.Македонија

Почитувани,

 

Ве информираме дека Авицена Лабораторија учествуваше на 4-тиот Конгрес на гинеколози и акушери со меѓународно учество кој се одржа во периодот од 12.05 - 14.05.2017 год. во Хотел Инекс-Горица Охрид.

 

На изложбениот штанд на Авицена Лабораторија сите присутни имаа можност да се запознаат со современата multiplex Real Time PCR TOCE технологија за детекција на 28 типови на HPV, сексуално преносливи заболувања, како и други анализи од значење за женското здравје.