Уникатни ланцети за земање примерок од прст

Авицена Лабораторија е единствената лабораторија во која се употребуваат уникатни ланцети за земање примерок крв од прст, со патентираната Comfort Zone Technology®.

Имено, англискиот производител Owen Mumford, ја патентирал оваа технологија која овозможува намалување на болката при самиот допир на ланцетата на кожата и севкупно попријатно искуство при земањето примерок крв. 

Дизајнот се состои од тоа што на делот кој ја допира кожата, постојат 8 подигнати точки кои вршат благ притисок. Нервните завршетоци го регистрираат овој допир и праќаат сигнал до мозокот за пријатно чувство, маскирајќи го чувството на болка при убодот. 

Во продолжение погледнето го видеото и запознајте се повеќе со овие уникатни ланцети: