Ве информираме дека од 23.12.2020 година, Авицена Лабораторија воведе нов високосензитивен и прецизен PCR тест кој истовремено детектира 4 гени на вирусот SARS-CoV-2. Детекцијата на 4 гени дополнително ја зголемува точноста и специфичноста на самиот тест, бидејќи тестот е насочен кон поголем број таргети од самиот вирус.
Тестот е единствен од ваков тип во нашата држава и детектира најголем број на гени на вирусот SARS-CоV-2:
✔️E gene
✔️N gene
✔️RdRP gene
✔️S gene
Од денес, сите изработени молекуларни PCR тестови за COVID-19 во Авицена Лабораторија ќе бидат од овој тип, a цената на тестот останува непроменета (2600 денари, односно, 2400 денари за ре-тест).
Дополнително за пациенти кои сакаат да го искористат овој тест за патување, истиот е достапен со бесплатен превод на англиски јазик.
Авицена лабораторија постојано ги следи сите нови сознанија и е во чекор со сите новитети поврзани со пандемијата на коронавирусот.
Комплетното мени на тестови за COVID-19 и сите потребни информации, можете да ги погледнете на следниот линк.