Намалени цени и зголемен капацитет за тестирање за COVID-19

Како здравствена институција која од почетокот на пандемијата активно се вклучи во борбата вирусот SARS-CoV-2, „Авицена лабораторија“ продолжува активно да ги става на располагање сите капацитети, искуства и знаења, со цел подобрување на здравствените услуги и квалитетна грижа за здравјето на граѓаните.   

Почнувајќи од 16 Ноември 2020 год, тестовите за ковид-19 ќе бидат со намалени цени и тоа цената на молекуларен PCR тест ќе изнесува 2600 денари, ретестирање кај пациенти кои претходно имаат направено каков било тест за ковид-19 (PCR, брз тест или  серолошки) 2400 ден., молекуларниот тест кој истовремено го детектира новиот SARS-CoV-2 вирус и вирусот на грип ќе биде достапен по цена од 3000 денари, а намалени ќе бидат и цените на пакетите за анализа на молекуларниот тест заедно со антитела во крвта. Постои и семеен попуст за тестирање најмалку 3 члена од исто семејство, цената за еден PCR тест е 2400 денари.

Освен што Авицена Лабораторија отвори нов простор за прием на пациенти и земање примероци за тест за ковид-19 кој е целосно физички одвоен од останатиот дел на лабораторијата, истовремено, трикратно се зголеми и капацитетот за изработка на тестови за ковид-19 на дневно ниво.

Имено, во Авицена лабораторија веќе е инсталиран високософистициран и најсовремен робот-систем за целосно автоматска обработка на примероци за молекуларна дијагностика, кој е единствен од ваков тип во нашата држава. На овој начин се зголемува капацитетот за изработка на тестови, а се намалува времето за добивање резултат.

Сите типови на тестови за ковид-19 во Авицена Лабораторија се закажуваат на следните телефонски броеви: 071/278-529; 078/218-731; 071/269-623 и 072/319-850.

За повеќе информации за тестовите, посетете го следниот линк.