Ново во Авицена Лабораторија

Почитувани,

Ни претставува задоволство да Ве информираме дека во Авицена Лабораторија се користат ланцети за земање примерок крв од прст, со патентираната Comfort Zone Technology®.


Имено, англискиот производител Owen Mumford, ја патентирал оваа технологија која овозможува намалување на болката при самиот допир на ланцетата на кожата и севкупно попријатно искуство при земањето примерок крв.


Дизајнот се состои од тоа што на делот кој ја допира кожата, постојат 8 подигнати точки кои вршат благ притисок. Нервните завршетоци го регистрираат овој допир и праќаат сигнал до мозокот за пријатно чувство, маскирајќи го чувството на болка при убодот.

 

Дознајте повеќе за технологијата на следното видео: