Покана за акредитиран стручен состанок

Почитувани,

 

Ни претставува задоволство да Ве информираме дека на ден 05.06.2018 год ,ПЗУ Авицена Лабораторија организира стручен состанок, кој ќе се одржи во х.Александар Палас, со почеток во 13.30 часот и ќе се одвива со следниот дневен ред:

 

13.15-13.30 Регистрација на учесниците

13.30-13.50 Најнови стратегии во лабораториската медицина – каде сме ние?

м-р Звездана Монева Ацковска

13.50-14.15 Квалитет - наша клучна и постојана определба за успех

Д-р Бранко Јагликовски, д-р Иванка Хаџи-Петрушева Мелоска

14.15-14.30 Што е ново во изминатиот период ?

Д-р Даниела Наунова Спироска

 

Состанокот е акредитиран и категоризиран според правилникот на Лекарска Комора на РМ и МЛД како стручен состанок и ќе носи соодветен број на поени.

По завршување на работниот дел, дружењето ќе продолжи со коктел.

Во име на тимот Авицена Лабораторија, би сакале да ја изразиме нашата благодарност за покажаниот интерес и досегашната успешна заедничка соработка.

 

Со почит,

Авицена Лабораторија