15% ПОПУСТ НА СИТЕ АЛЕРГОТЕСТОВИ ВО МЕСЕЦ АПРИЛ

Почитувани,

Ве информираме дека Авицена Лабораторија обезбеди 15% ПОПУСТ НА СИТЕ АЛЕРГОТЕСТОВИ ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ АПРИЛ.

Утврдување на причинителот на секое заболување е најважниот фактор за успешно лекување и за здравјето на пациентот.

Кога се работи за алергија, идентификацијата на причинителот на алергијата е клучна за третманот на пациентот.

 

Во Авицена Лабораторија можете да направите најсовремени квантитативни алерготестови преку крв од врвен германски производител. Станува збор за готови панели (инхалаторен, нутритивен, педијатриски, комбиниран и посебно прилагодени за нашето поднебје) за брза и прецизна детекција на 20 алергени одеднаш

 

 

Зошто тестирање преку крв?

 

    Тестирањето е лесно и едноставно за изведба и се прави со обично земање венска крв.

    Резултатите кои се добиваат директно укажуваат на тоа дали се работи за алергија или не, и точно го идентификуваат предизвикувачот на алергиската реакција.

    При тестирање преку крв нема внесување алергени, со што се избегнува ризикот од анафилактична или други несакани реакции.

    Тестирањето може да се прави во секоја возраст, кај доенчиња, деца и возрасни.

    Нема потреба од прекин на терапија (антихистаминска или друга терапија)

 

Добиениот резултат е точен, прецизен и веродостоен на вистинското случување во организмот.