Почитувани,
Ве информираме дека на ден 28.09.2017 година, ПЗУ Авицена Лабораторија во соработка со ПЗУ ЕМИ МЕДИКУС од Кавадарци одржаа стручен состанок во хотел „Фени“ - Кавадарци.
Главен акцент на состанокот беше даден на новите и специфични анализи кои тековно се работат во Авицена Лабораторија и достапноста на истите за докторите и пациентите од градот Кавадарци и околината, преку соработката со ПЗУ ЕМИ МЕДИКУС.
Предавањата се одржаа по следниот редослед:
› Авицена Лабораторија - квалитетот како врвен приоритет и имплементација на стандарди во лабораториската пракса
д-р Даниела Наунова Спироска
› Хепатални функции на анализи поврзани со метаболизам на липиди и тестови за интолеранција на храна
д-р Бранко Јагликовски, спец.по мед.биохемија
› Современи микробиолошки анализи како услов за соодветна антимикробна терапија
д-р Константин Ицев, спец. по микробиологија и паразитологија
Состанокот е акредитиран и категоризиран според правилникот на Лекарска Комора на РМ и МЛД како стручен состанок.
Овој настан на кој присуствуваа околу 70 лекари, беше одлична можност за меѓусебно запознавање и размена на заеднички искуства.