Авицена Лабораторија одржа стручен состанок за доктори во Тетово

Почитувани,

 

Ни претставува задоволство да Ве информираме дека на ден 17.05.2017 год., ПЗУ Авицена Лабораторија организираше стручен состанок на тема „Новитети во лабораториската медицина“ на кој присуствуваа над 100 доктори. Состанокот се одржа во ресторан Бакал во Брвеница, Тетово и на истиот беа одржани следните предавања:

 

›       Авицена Лабораторија-квалитетот како врвен приоритет и имплементација на стандарди во лабораториската пракса  

 

д-р Даниела Наунова Спироска

 

 

         ›        Хепатални функции на анализи поврзани со метаболизам на липиди

 

д-р Бранко Јагликовски, спец.по мед.биохемија

 

 

›        Современи микробиолошки анализи како услов за соодветна антимикробна терапија 

 

д-р Иванка Хаџи-Петрушева Мелоска, спец. по микробиологија и ПАРАЗИТОЛОГИЈА

 

   

    

Состанокот беше акредитиран и категоризиран според правилникот на Лекарска Комора на РМ и МЛД како стручен состанок и носеше соодветен број на поени.

 

По завршување на работниот дел, дружењето продолжи со коктел во пријатниот амбиент на ресторанот.

Би сакале да ја изразиме нашата благодарност за покажаниот интерес и досегашната успешна заедничка соработка.