Авицена Лабораторија покровител на стручен состанок одржан на 11.05.2018 г. во х.Александар Палас

Почитувани,

Ве информираме дека на ден 11 мај 2018 год. (петок), со почеток во 13.30 часот, во х. Александар Палас, Скопје се одржа стручен состанок на три стручни здруженија: Македонско здружение за цервикална патологија и колпоскопија, Здружение на физиолози и антрополози на Македонија и Здружение за хумана и репродуктивна медицина на Македонија.

Авицена Лабораторија беше покровител на овој стручен состанок, а сите присутни имаа можност детално да се запознаат со BabyTest Plus/Advanced - најкомплетниот неинвазивен пренатален тест за анализа на фетална ДНК од крвта на мајката, кој ексклузивно се работи во Авицена Лабораторија.

Состанокот беше акредитиран како стручен состанок при МЛД и ЛКМ.  

Со почит,

Авицена Лабораторија