Авицена Лабораторија со нова студија за детекција на повеќе мутации на геномот на SARS-CoV-2

Следејќи го развојот на новите сознанија поврзани со глобалната пандемија со новиот коронавирус и појавата на новите мутации, за кои се претпоставува дека се одговорни за различно епидемиолошко однесување на одредени кластери, Авицена Лабораторија е во можност да направи студија за детекција на повеќе мутации на геномот на SARS-CoV-2.

Имено, во периодот што следи, за сопствени научно-истражувачки цели, во Авицена лабораторија ќе се врши анализа на извесен број позитивни примероци на SARS-CoV-2 и ќе се утврдува присуството на неколку варијанти на вирусот: британската мутација (B.1.1.7), јужноафриканска мутација (B.1.351) и бразилската мутација (B.1.128 P.1).

По завршување на студијата, добиените податоци ќе бидат јавно објавени.

Во интерес на јавното здравје, се надеваме дека добиените резултати ќе дадат значаен придонес во добивање повеќе информации за епидемиолошкото и клиничкото влијание на овие нови варијанти на вирусот SARS-CoV-2.