Тест за неутрализирачки IgG антитела кон SARS-CoV-2 од производителот SIEMENS - откривање на специфичен имунолошки одговор по вакцинација

Ни претставува задоволство да ве информираме дека во Авицена Лабораторија е достапен тест за проверка на IgG антитела кон вирусот SARS-CoV-2, од реномираниот производител SIEMENS кои се создаваат како одговор по спроведена вакцинација.

Вирусoт SARS-CoV-2 вообичаено стимулира имунолошки одговор со создавање многу антитела кои дејствуваат како армија за да помогнат во борбата против вирусот и овие антитела се создаваат и по прележана болест и по извршена вакцинација.

Со спроведување на процесот на вакцинација кој се случува во светот и кај нас, се јавува потребата за проценка на имунолошкиот одговор на лицата кои примиле вакцина против SARS-CoV-2. Најголем број од вакцините го содржат шилестиот (spike-S) протеин на вирусот и стимулираат производство на таканаречените „неутрализирачкиантитела, кои треба да го заштитат организмот од инфекција. Тоа значи дека овие антитела можат го блокираат  вирусот и на тој начин  да ја спречат инфекцијата.

Тестот за неутрализирачки SARS-CoV-2 IgG антитела во Авицена Лабораторија докажано ги мери токму овие неутрализирачки антитела (кон S-RBDфрагментот oд вирусот) и дава информација за нивната точна концентрација (квантитативен). Oвие антитела се оние кои овозможуваат заштита на организмот од инфекција.

Тестот се работи со комплетно автоматски имунолошки анализатор, има исклучително висока специфичност од 99,9% и има докажана силна корелација со класичните тестови за неутрализација на вирусот.

 

 Цена на тестот: 1200 денари

✅ Тестовите се работат без закажување, во сите три лаборатории:

 

ЛОКАЦИЈА 1, Тафталиџе

📍Бул. 8-ми Септември бр. 2, лок. 1, 1000 Скопје

🕗Понеделник-Петок: 07:00-19:30

🕗Сабота: 07:00-14:00 

 

ЛОКАЦИЈА 2, Аеродром

📍Бул. Јане Сандански бр. 48,  1000 Скопје

🕗Понеделник - Петок: 07:00 - 14:00

🕗Сабота: 08:00 - 14:00

 

ЛОКАЦИЈА 3, Тетово

📍ул. Благоја Тоска бр.222, 1200 Тетово

🕗Понеделник - Петок: 07:00-14:00

🕗Сабота: 08:00 - 14:00