Пациентите со COVID-19 можат да ги направат сите потребни лабораториски анализи во текот на лекувањето, во делот за COVID-19 кој е одвоен од останатиот дел на лабораторијата. Анализите се прават само со претходно закажан термин на:
📞 071/278-529 📞 078/218-731 📞 071/269-623 📞 072/319-850 |
Оваа услуга е достапна во следните лаборатории:
- Населба Тафталиџе во Скопје (локација 1), секој работен ден и сабота од 07.00 до 19.00 часот
- Тетово (локација 3), од понеделник до петок од 08.00-14.00 часот, во сабота од 08.00-13.00 часот.
Суштинската улога на клиничките лаборатории во оваа пандемија не е само во тестовите за детекција на самиот вирус, туку и во следење на пациентите во секоја фаза на заболувањето.
Биохемиското следење на пациентите со COVID-19 со лабораториски тестови е клучно за проценка на сериозноста и прогресијата на болеста, како и за следење на третманот. Одредени лабораториски тестови се поврзани со неповолна прогресија на COVID-19 и даваат важни прогностички информации.
Подолу е вклучена препорачана листа за лабораториски тестирања заснована на тековната литература (International Federation of Clinical laboratories IFCC) заедно со главните лабораториски абнормалности, кај возрасни пациенти со COVID-19.
Посебно е важно да се истакне дека покрај најчестите рутински лабораториски тестови, новите докази сугерираат дека пациентите со тежок COVID-19 може да бидат изложени на ризик од синдром на цитокинска бура.
Тестовите за цитокини, особено тестот IL-6, треба да се користат каде што е можно за да се процени состојбата кај тешко болните пациенти со COVID-19.
ЛАБОРАТОРИСКА АНАЛИЗА |
Најчести ОТСТАПУВАЊА кај COVID-19 |
Комплетна крвна слика |
Зголемен број на неутрофили (леукоцитоза со неутрофилија) Намален број на лимфоцити Намален хемоглобин Намален број на тромбоцити |
CRP ( Ц-реактивен протеин) |
Зголемување – маркер за воспаление |
ASAT, ALAT |
Зголемување –ензими за функција на црниот дроб |
LDH |
Зголемување – маркер за црниот дроб или мултиорганско зафаќање |
Уреа, Креатинин |
Зголемување- маркери за бубрежна функција |
Вкупен билирубин |
Зголемување –зафаќање на функција на црн дроб |
Албумин |
Намалување – зафаќање на функција на црн дроб |
Д-димер |
Зголемување – знак за активација на системот за коагулација |
PT, aPTT |
Зголемување - знак за активација на системот за коагулација |
Прокалцитонин |
Зголемување – маркер на бактериска инфекција (суперинфекција), диференцијација помеѓу вирусна или бактериска инфекција |
Феритин |
Зголемување – маркер на воспаление |
Интерлеукин 6 (IL-6) |
Зголемување – маркер за воспаление, предиктор на цитокинска бура |
Срцев Тропонин, CK-MB |
Зголемување – маркер за оштетување на срцевиот мускул |
Гасни анализи |
За проценка на оксигенација и прилагодување на вентилација |
Важна напомена: Секој лабораториски резултат треба да се толкува во склоп со клиничката слика и наоди од други дијагностички методи.
Задолжително консултирајте се со Вашиот лекар во врска со Вашата здравствена состојба, толкување на резултатите, симптомите и третманот.