Известување за тестови за хемостаза

Ни претставува задоволство да Ве информираме дека во Авицена Лабораторија е ставен во функција нов, целосно автоматизиран коагулометар BCS XP System, за анализа на тестови за хемостаза од производителот Siemens Healthineers.

Сите рутински тестови за проверка на системот на коагулација ќе се изработуваат на овој инструмент, кој овозможува точни и прецизни резултати на голем број примероци, за кратко време.

Воедно, Ве информираме дека за анализата PT (протромбинско време), која служи за проценка на системот на коагулација и се користи за следење на пациенти кои се на антикоагулантна терапија, резултатите ќе се издаваат истовремено во секунди, во проценти и вредност INR.

 

Најчести лабораториски анализи за хемостаза

Цена (ден.)

PT-Протромбинско време (INR)

500,00

aPTT- Активирано парцијално тромбопластинско време

300,00

TT-Тромбинско време

600,00

Fibrinogen

400,00

D-dimer

800,00

 

Сите останати анализи и нивните цени, можете да ги погледнете на следниот линк.