Авицена Лабораторија располага со комплетно мени на тестови за детекција на најчестите причинители на осипни трески и болести кои се превенираат со вакцини. Сите анализи се работат со хемилуминисцентен метод (CLIA) кој има висока сензитивност и специфичност и гарантира точни и прецизни резултати.
Малите сипаници или морбили се инфективна вирусна болест која најчесто се јавува кај деца, со симптоми кои се јавуваат 10-12 дена по контакт со заболено лице и траат 7-10 дена.
Првите знаци и симптоми се зголемена телесна температура од 38 до 40 °C, кашлица, главоболка, малаксаност, вознемиреност и жед, по што следи катарален стадиум со зголемена носна секреција, солзење и црвени очи. Првиот осип се јавува во пределот на главата, а потоа се шири по целото тело. Компликациите се јавуваат во 30% од случаите и тоа во вид на бронхит, пневмонија, постинфективен енцефалит и субакутен склерозирачки паненцефалит.
Највисок титар на IgG антитела има 2 недели по појавата на исипот или 4 недели по вакцинацијата. Тие се намалуваат во текот на следните 6 месеци, а потоа титарот останува стабилен.
Титарот на IgM антителата е највисок 2 дена пред и неколку дена по појавата на исипот, брзо се намалува во период од 30-60 дена. Примерок за тестирање на IgM антитела треба да се земе во првите 3 недели.
Кај субакутниот склерозирачки паненцефалит IgM антителата не се детектираат, а во ликворот титарот на IgG е повисок отколку во серум.
Со овие лабораториски тестови, може да се докаже заболувањето во акутна фаза, односно да се провери дали организмот има доволно заштитни антитела по прележана инфекција или примена вакцина, како насока за тоа дали е потребна вакцинација.
Резултатите од овие лабораториски анализи се издаваат истиот ден.
Morbilli Virus
› Morbilli Virus IgM 750,00 денари
› Morbilli Virus IgG 750,00 денари
› Morbilli Virus IgM+IgG 1300,00 денари
Rubella
› Rubella IgM 750,00 денари
› Rubella IgG 750,00 денари
› Rubella IgM+IgG 1300,00 денари
Parotitis
› Parotitis IgM 750,00 денари
› Parotitis IgG 750,00 денари
› Parotitis IgM+IgG 1300,00 денари
Varicella Zoster Virus
› Varicella Zoster Virus IgG 900,00 денари
› Varicella Zoster Virus IgM 900,00 денари
Parvovirus
› Parvovirus IgM 1000,00 денари
За какви било дополнителни информации или прашања, слободно контактирајте нѐ на нашите телефони 02/3179-001, 02/2477-345 и 044/355-550