Не се сите тестови за антитела исти!

Ни претставува задоволство да ве информираме дека единствено во Авицена Лабораторија се работат тестови за мерење на концентрацијата на неутрализирачки IgG антитела кон вирусот SARS-CoV-2 на производителот Siemens Healthineers.

Вирусoт SARS-CoV-2 обично стимулира имунолошки одговор со создавање многу антитела кои дејствуваат како армија за да помогнат во борбата против вирусот. Сепак, само мала подгрупа од тие антитела се способни за неутрализација, односно, мал број од овие антитела можат да го блокираат вирусот и на тој начин да спречат да зарази дополнителни клетки. 

Неутрализирачките антитела кон SARS-CoV-2 се клучни во борбата против COVID-19 затоа што тие ги бранат клетките од инфекција со вирусот.

Овие неутрализирачки антитела се развиваат или како одговор на природна инфекција или како одговор на вакцинација, а потоа последователно се врзуваат за вирусот и ја оневозможуваат инфекцијата. 

SARS-CoV-2 IgG тестот за антитела на компанијата Siemens Healthineers, докажано ги мери токму овие неутрализирачки антитела и дава информација за нивната точна концентрација.

Тестот се работи на комплетно автоматски имунолошки анализатор Advia Centaur XP и има исклучително висока специфичност од 99,9 %.

За закажување за сите тестови за COVID-19, јавете се секој ден од понеделник до сабота од 07.00 до 19.00 часот на следните телефони: 

📞 071/278-529    📞 078/218-731    📞 071/269-623     📞072/319-850  

Цена на тестот: 1200 денари.