Основната активност на Авицена специјалистичка дијагностичка лабораторија е унапредување на човековото здравје, со примена на најсовремени клинички лабораториски тестови, од различни области на медицината: клиничка биохемија, микробиологија, ендокринологија, имунологија, трансфузиологија, молекуларна биологија и сл.
Со својот искусен тим, кој поседува високи професионални и етички вредности, Авицена Лабораторија нуди комплетна и сеопфатна дијагностика и секогаш држи чекор со најновите светски медицински трендови. Авицена Лабораторија е комплетно посветена на постојано одржување на квалитетот на работа на највисоко ниво.
Постојаната контрола на квалитет е од фундаментално значење и процесот на работа е постојано во склад со највисоките техничко-технолошки, административни, како и лабораториско-медицински стандарди. Повеќе за контролата на квалитет можете да прочитате тука.
Денес, Авицена Лабораторија се наоѓа на 3 локации во нови, современи и лесно пристапни објекти, целосно ориентирани на барањата и потребите на пациентите од сите категории (деца, возрасни, пациенти со инвалидитет).
1. Авицена Лабораторија (нас.Тафталиџе) со површина од над 500m2, а од неодамна надополнета со уште поголема микробиолошка лабораторија од над 200m2 со целосно автоматизирана опрема за микробиолошка и молекуларна дијагностика.
2. Авицена Лабораторија (нас. Аеродром) е со површина од над 160m2,
3. Авицена Лабораторија (Тетово) со површина од над 200m2.
*во зависност од времето потребно за изведување на анализите
ПЗУ Авицена Лабораторија има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ, за изработка на лабораториски анализи од лабораториски упат- образец ЛУ-1, издаден од избран лекар од примарната здравствена заштита. Пациентот го остварува правото да ги изработи овие анализи на товар на фондот, исклучиво со валиден упат од матичен лекар.
Само лабораторијата на локација бул. 8 Септември бр.2 (Комплекс Македонија, зад Веро 2 Тафталиџе) има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ.
ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ