Важно известување за матичните лекари од ПЗЗ и пациентите во врска со елeктронски пополнетите упати

Почитувани,

Согласно договорот за соработка помеѓу ФЗОМ и приватните здравствени установи -дијагностички биохемиски лаборатории, ФЗОМ направи измени во насока на начинот и обликот на упатите за лабораториски анализи (ЛУ-1) што ги издаваат матичните лекари и тоа:

Во членот 18 се додаваат три нови точки: 34, 35 и 36 кои гласат:

- Лекарот/здравствениот соработник да не прифаќа издаден ЛУ-1 образец доколку во истиот не е наведена дијагнозата по МКБ 10 и електронски не се обележани лабораториските анализи кои треба да се извршат.

- Резултатите на ЛУ-1 образецот за направените биохемиски лабораториски испитувањазадолжително да бидат во електронска форма.

Согласно на посочените одредби издадени во јануари 2015 год , ПЗУ АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ги почитува постапките за прием на пациенти САМО СО УРЕДНО ЕЛЕКТРОНСКИ ПОПОЛНЕТИ УПАТИ ОД СТРАНА НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ.

Известувањата за електронските упати се достапни за превземање со клик на следниве линкови:

Известување за матичните лекари од ПЗЗ Известување за пациенти