Ново и ексклузивно за сите деца во Авицена Лабораторија!

Почитувани,

Со особено задоволство Ве известуваме дека од денес во Авицена Лабораторија во рамките на Детското катче ќе започне да се користи новата просторија наменета за земање крв и друг материјал исклучиво за деца. Со ова се овозможува децата да немаат никаков контакт со возрасните пациенти во нашата лабораторија.

Просторијата за земање материјал и Детското катче се соодветно опремени и прилагодени за потребите и интересите на децата од најразлична возраст, со што престојот во лабораторија е исполнет со забава, игра и смеа.

Авицена Лабораторија и понaтаму ќе продолжи со посебно внимание да се грижи за најмалите. Се надеваме дека на овој начин Вашите деца ќе добијат нова слика за посетата на нашата лабораторија.

Со почит, Авицена Лабораторија