Авицена Лабораторија обезбеди попуст од 15% за сите членови на ресурсниот центар за самохрани родители "МИНУС И ПЛУС"

Почитувани,

Ве информираме дека Авицена Лабораторија потпиша договор за соработка со ресурсниот центар за самохрани родители "МИНУС И ПЛУС" со што стана активен член во Клубот на пријатели. Со ова Авицена Лабораторија им овозможува на сите самохрани родители и деца од еднородителски семeјства, попуст од 15% за користење на сите услуги во лабораторијата.

Дозволениот попуст ќе биде возможен само за оние самохрани родители и деца од еднородителски семејства кои преку ресурсниот центар за самохрани родители "ПЛУС И МИНУС" ќе добијат КЛУБ картичка, која треба да се приложи при посетата на Авицена Лабораторија.

Ресурсниот центар за самохрани родители МИНУС И ПЛУС е првото здружение на граѓани кое работи на подобрување на социјалниот статус на самохраните родители и децата од еднородителските семејства. Станува збор за категорија на граѓани кои ги има во огромен број, а никој посериозно не ги третира нивните проблеми.